fbpx
Таг: електрична енергија

таг: електрична енергија

Бројот на работници во индустријата зголемен за 0,9 отсто во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јули годинава, во однос на истиот период лани е поголем за 0,9 отсто, a бројот на работниците во индустријата во јули во однос на истиот месец лани е поголем за 9,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во јули годинава, во однос...

Во јуни сме потрошиле 537.426 мегават-часови електрична енергија

Во јуни вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 537.426 мегават-часови електрична енергија, 3.754 милиони кубни метри природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 68,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 91,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на...

ЕВН го нормализира снабдувањето со струја во 2.000 домови погодени од поплавите

Екипите на ЕВН Македонија го нормализираа снабдувањето со електрична енергија во уште 2.000 домови во најпогодениот регион од поплавите во Скопје и околината. Од вкупно 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме скорo сите се под напон, а сè уште се работи на отстранување на дефектите на десетина трафостаници кои се под вода, соопштија од компанијата. Се работи...

Вратена струјата во Инџирлик, базата подготвена за мисии

По една недела, воздушната база Инџирлик на југот на Турција, која ја користат американските сили за воздушни напади на Исламска држава, повторно е приклучена на комерцијално напојување со електрична енергија. Европската команда на САД во Штутгарт соопшти дека повторно е воспоставена електрична енергија во базата и дека постои континуиран дотек на храна, вода и на гориво, како за воениот персонал...

Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно ниво

Продажните цени на индустриските производи се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 4,3 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија се на исто ниво,...

Во февруари се потрошени 645.803 мегават-часови електрична енергија

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во февруари изнесува 645.803 мегават-часови електрична енергија, 13.346 милиони кубни метри природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тон нафтени производи, покажуваат податоците на Државен завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 70,8 отсто во домашната бруто-потрошувачка, а 98,8 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Пониски цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 4,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во февруари во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,2 отсто,...

Бројот на активни фирми е 70.139

Бројот на активните фирми во Македонија во 2015 година изнесува 70.139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо учество во структурата имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34 отсто и преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9 отсто. Најмала застапеност имаат секторите рударство и вадење на камен со 173 субјекти или...

Мавровските хидроцентрали лани произвеле повеќе струја од планираното

Мавровските хидроцентрали минатата година произвеле 43 отсто повеќе електрична енергија од планираното. Според ХЕС „Маврово“, ваквиот позитивен биланс се должи на ревитализацијата на опремата и на објектите на трите мавровски хидроцентрали во Вруток, Равен и во Врбен. - Ние сега со помалку вода остваруваме зголемено производство на електрична енергија. Трошоците, пак, за одржување се намалени за 10 пати - изјави...

Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија во ноември лани

Во ноември минатата година, Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија, 15,332 милиони кубни метри гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,2 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

ЕДС со најголем процент во снабдување на слободниот пазар со електрична енергија

Според анализата на МЕПСО за функционирањето на пазарот на електрична енергија во 2015 година, „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) има најголем процент на предадена електрична енергија кон потрошувачи во период од јануари до август тековната година. Во својот осврт, македонскиот електропреносен систем-оператор ги има земено предвид сите учесници на пазарот на електрична енергија. Тоа вклучува 60 самостојни учесници, 250 учесници кои...

Потрошувачката на енергија за 2016 година ќе се зголеми за 4 проценти во однос на годинава

Потрошувачката на енергија догодина ќе се зголеми за 4 проценти во однос на оваа година. Ова беше истакнато на денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, на која се разгледуваше енергетскиот предлог-биланс за 2016 година. - Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 50 проценти, електричната енергија со 31 процент, биомасата со 9,2 проценти и...

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија. Со изградбата на овој далновод, македонскиот електропреносен систем добива петта врска со четири соседни електропреносни системи. Веќе има...

Компаниите можат да заштедат преку електричната енергија

Претставници на повеќе од 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење, со што ќе ги намалат трошоците за електрична енергија за повеќе од 30 проценти. Тоа ќе им овозможи поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците. На овој начин, ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат позициите на пазарот. - За компаниите од суштинско значење...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...