Вратена струјата во Инџирлик, базата подготвена за мисии

По една недела, воздушната база Инџирлик на југот на Турција, која ја користат американските сили за воздушни напади на Исламска држава, повторно е приклучена на комерцијално напојување со електрична енергија.

Европската команда на САД во Штутгарт соопшти дека повторно е воспоставена електрична енергија во базата и дека постои континуиран дотек на храна, вода и на гориво, како за воениот персонал така и за цивилите.

Во соопштението стои дека базата Инџирлик, која ја користат неколку илјади членови на американската војска, од 16 јули користела струја од генератор и дека САД и турската војска работеле на тоа да осигураат дека базата е целосно подготвена за од таму да продолжат мисиите против терористите.