понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: доброволци | 12 резултати

Се сумираат штетите од пожарите, нема потреба од прогласување кризна состојба

август 3, 2021

По опсежна расправа и по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо, набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е […]

Ситуацијата со пожарот над Кочани сè уште тешка

август 2, 2021

Голем број граѓани на Кочани излегоа да помогнат во гаснењето на пожарите кои избувнаа попладнево над градот и веќе зафатија 2-3 куќи на периферијата на градот, дозна „Мета“. „Се надеваме дека до сабајле пожарот ќе биде изгаснат, но ситуацијата е навистина тешка“, вели соговорникот на „Мета“ кој заедно со други сограѓани им помагаат на пожарникарите. […]

Повеќе од три милиони севернокорејци се пријавиле во војска, тврди Пјонгјанг

август 12, 2017

Северна Кореја денеска соопштила дека речиси три и пол милиони работници, членови на партијата и војници доброволно се пријавиле во народната војска за да пружат отпор на новите санкции на Обединетите нации и за да се борат против САД, како резултат на актуелните тензии помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон, јавуваат светските агенции. Официјалниот весник на Северна […]

Доброволците уште 24 часа ќе се борат со пожарот кај Трескавец

август 11, 2017

Пожарот кој пред два дена започна да гори околу манастирот Трескавец сè уште е активен и се уште постои опасност да го зафати манастирскиот комплекс. Во борбата со огнот се вклучени прилепските пожарникари, но и голем број доброволци од Прилеп и од околината, од кои дел се вработени во неколку прилепски компании и јавни претпријатија, […]

Китовите насукани на плажа во Нов Зеланд спасени благодарение на плимата

февруари 12, 2017

Повеќе од 200 китови кои беа насукани на плажа во Нов Зеланд успеале да отпливаат назад во океанот, соопшти денеска новозеландското министерство за заштита на животната средина. „Вчера попладне на плажата имаше уште 240 китови и се плашевме дека нема да преживеат. Но, тие самите се спасија бидејќи надојде плимата па можеа да отпливаат назад […]

Повеќе од 650 китови се насукаа на брегот на Нов Зеланд

февруари 11, 2017

На брегот на Нов Зеланд денеска се насукале уште 240 китови, само неколку часа откако група волонтери успеаја да вратат дел од китовите кои вчера се насукаа на брегот, јавуваат светските агенции. За два дена повеќе од 650 китови се насукаа на новозеландскиот брег, на околу 5 километри од плажата Фервел спит на јужниот остров. […]

На „Фејсбук“ се организираат волонтери за помош на поплавените подрачја

август 8, 2016

Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. “ Активистите кои ја водат иницијативата апелираат сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во […]

Москва бара Хрватска да го спречи регрутирањето борци за Украина

февруари 12, 2015

Руските власти денеска ја повикаа Хрватска и другите земји чии граѓани се регрутираат во редовите на вооружените сили на Украина, да прекинат со оваа практика, пренесуваат руските агенции. „Ги потсетуваме хрватските власти дека денеска во Минск е усвоена одлука на контакт-групата за имплементација на договорот од Минск, во која, меѓу другото, е предвидено повлекување на […]

Страна 1 од 1