Сали: Околу 150 доброволци се пријавиле да помогнат во Турција

-

Вкупно 150 лица доброволно се пријавиле на јавниот повик на министерот за здравство Беким Сали, кој вчера со објава на Фејсбук ги повика здравствените работници кои би се упатиле кон погодените места од земјотресот во Турција. Тој кажа дека денеска ќе го има прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги има државата на располагање.

„Колеги здравствени работници, ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Турција по разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена“, беше наведено во повикот на министерот.

Сали информира дека две комбиња, специјализирани за интензивна нега што ги добила како донација Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра, се подготвени да заминат до погодените места.

„Сепак, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно. Има и список на лекови кои ги обезбедивме преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање“, рече министерот.

Инаку, денеска на Клиниката за неврологија Сали присуствуваше на пуштањето во употреба на нов современ апарат за компјутерска томографија. Со овој апарат ќе се олесни дијагностиката за пациентите со мозочни удари и други заболувања, а во исто време апаратот овозможува и брзо снимање на пациентите, бидејќи снима само неколку секунди. Апаратот е обезбеден во соработка со Светска банка и е дел од опремата која е обезбедена за 14 јавни здравствени установи во земјата.

 

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...