среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Демир Капија | 30 резултати

Убиство и самоубиство во Демир Капија

16 мај 2023

Убиство и самоубиство се случиле утринава во Демир Капија. Според информациите на полицијата, станува збор за двајца соседи, односно 72-годишниот М.К., го убил својот 34-годишен сосед, а потоа извршил самоубиство. „Денеска во 06.50 часот во полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од […]

Орев стар 150 години до станицата во Демир Капија го следи развојот на Македонските железници

2 април 2023

Штом се симнеш од возот на железничката станица во Демир Капија, не можеш а да не ги забележиш високите крошни дрвја лоцирани пред самиот влез во станичниот објект, веднаш до неодамна изграденото детско игралиште. Дрвјата засадени пред железничката зграда одамна ја надминале нејзината висина, но малкумина знаат дека токму тие се стари исто колку што […]

Клисурата Демир Капија шест децении е споменик на природата, но нема никаква заштита

19 февруари 2023

Клисурата Демир Капија повеќе од шеесет години е споменик на природата, но во овој период ниту еднаш не бил донесен ниту план за управување, ниту, пак бил определен управувач. Граѓанската организација „Еко свест“ отпочнува иницијатива за репрогласување на овој локалитет како споменик на природата од трета категорија, исто како и Матка, според новиот закон за […]

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и  55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​

10 јули 2021

Во Специјалниот завод Демир Капија беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино, информираат од министерството за труд и социјална политика. Прва доза од вакцините против Ковид-19 добиле 155 корисници, од вкупно 171 корисник кои долгорочно престојуваат во установата. […]

Проработе патарината „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија, автомобилите ќе плаќаат 80 денари

6 ноември 2020

Најновата наплатна станица „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија од 28 октомври е пуштена во употреба, потврдија за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Патарината на оваа наплатна станица чини 80 денари за автомобилите, мотоциклистите ќе плаќаат 50 денари, додека другите категории на возила ќе плаќаат од 130 до 340 денари. Патарината во Демир Капија […]

Со новата наплатна кај Демир Капија, патарината Скопје – Гевгелија – Скопје ќе чини 720 денари

23 декември 2019

Новата патарина кај Демир Капија на автопатот на Коридор 10 ќе биде готова со изведба во наредните месец и половина. На оваа наплатна станица ќе се собира надоместокот за изминати километри на делницата од Градско до Демир Капија, а граѓаните за своите автомобили ќе плаќаат по 80 денари во еден правец. Висината на надоместокот за […]

Специјалниот завод „Демир Капија“ ќе се затвори за една година

22 декември 2019

Планот на Министерството за труд и социјална политика е до 2021 година сите 189 лица со интелектуална попреченост кои сега живеат во специјалниот завод „Демир Капија“, да бидат сместени во групни домови. Процесот на деинституционализација треба да значително да го подобри живеењето на овие лица, кое е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат […]

Притвор од 30 дена за екс-градоначалникот на Демир Капија и соработниците

26 октомври 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, почнало истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои вчера извести Финансиска полиција. По барање на ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка од Основен […]

Екс-градоначалникот на Демир Капија подарил половина објект и Фондација на роднини

25 октомври 2018

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев (61), во врска со малверзации со општински објект, како и против Т.П. (48), овластен проценител и П.М. (60) тогашен […]

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

24 октомври 2018

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат – М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава […]

Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да обезбеди економски развој и безбедно патување

23 април 2018

Со отворањето на 28,2 километри од автопатот Демир Капија – Смоквица го додадовме делот од Коридор 10 кој недостасуваше во земјата, рече генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Тој додаде дека овој автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и […]

Автопатот Демир Капија – Смоквица денеска ќе биде пуштен во употреба

23 април 2018

По неколку одложувања, автопатот Демир Капија – Смоквица, денеска и официјално ќе биде отворен во 12 часот од страна на премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. На автопатот, наместо три, како што беше предвидено, ќе има две патарини – eдната кај Гевгелија, другата кај Демир Капија. […]

Пратеничката Лазарова од СДСМ повредена во верижна сообраќајка

11 февруари 2018

Пратеничката Мери Лазарова од СДСМ, вчеравечер била причинител на верижна сообраќајка на патот Демир Капија – Удово, во која добила тешки повреди. Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, бил со неа, а во несреќата задобил лесни повреди, соопштуваат медиумите. Според официјалното соопштение, пак, од МВР, вчера околу 17.50 часот на патот Демир Капија – Удово, на […]

Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура

9 декември 2017

Во директен судир што се случил ноќеска на автопатот Скопје – Гевгелија, во Демиркаписка Клисура животот го загубил 24-годишен жител на Демир Капија. Како што соопшти полицијата, во 3.50 часот денеска се судриле автомобил „сеат леаон“ со неготински регистерски таблички, управуван од С.Ј.(24) од Демир Капија, и автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од Ѓ.Ч. […]

Алпинист од Чешка загина во Демиркаписката Клисура

25 октомври 2017

Петр Шпеган, алпинист од Чешка, вчера го загубил животот откако, околу 12 часот, паднал од карпите кај тунелите кај Демир Капија, информираат од полицијата. Алпинистот паднал качувајќи се со јаже по карпите десно во кањонот, во тунелите на секторот Малчек Спалчек и починал на самото место.

Кривична пријава за жител на Корешница кој нудел поткуп за глас во Демир Капија

14 октомври 2017

М.С. од село Корешница, Демир Капија, во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од село Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија. Во Полициска станица Неготино во врска со настанот повикани биле неколку лица, а бил известен и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци […]

ВМРО-ДПМНЕ реагира за унапредување полицајци во Гевгелија и за автопатот Демир Капија – Смоквица

12 октомври 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции го обвини владејачкиот СДСМ дека е во паника и за партиски интереси деградира и унапредува полицајци, како и дека намерно не го пуштил во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица, иако бил готов. – СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на […]

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биде завршен до 28 февруари

10 октомври 2017

Владата денеска го усвои предлогот за потпишување анекс на договорот за изградба на автопатска делница Демир Капија – Смоквица, со кој се продолжува времетраењето на договорот за изградба до 28 февруари 2018 година. Како што соопшти владината прес-служба, освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени […]

Ќе се тргне тајноста од договорите со странските инвеститори

26 јули 2017

На вчерашната 16. седница, Владата усвоила барање за декласификација, односно симнување на тајноста, на сите договори склучени како државна тајна помеѓу поранешната влада и странските инвеститори во економските зони. Сите податоци по декласификацијата, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, порача Владата. Истовремено, на седницата е усвоена информација за пороен дожд, електрични празнења, силен […]

„Актор“: Судските власти во Скопје, предметот со автопатот го ставија во архива во 2014 година

10 јуни 2017

Грчката компанија „Актор“ нема сознание за постоење кривично гонење во врска со договорот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, соопштуваат од компанијата. Оттаму велат дека по извршената ревизија судските власти во Скопје, предметот го ставиле во архива во 2014 година. Според нив, договорт за изградба на автопатот е потпишан врз основна на добиен меѓународен […]

Страна 1 од 2