fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Со заем од ЕБОР од 10 милиони евра, ќе се набават 35 еколошки автобуси за Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе овозможи набавка на 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје, како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за најмалку 15 отсто. „Заем гарантиран со државна гаранција од ЕБОР во износ од 10 милиони евра, ќе го...

Партиите подалеку од нас, велат организаторите на утрешниот протест против загадувањето

Ние сме загрижени млади луѓе кои ниту се поддржани од партии, ниту имаме намера да стануваме партија туку се обидуваме како граѓани да дадеме свој придонес да се реши проблемот со загадувањето. Досега имавме можност да видиме колку сегашните институции се спремни да ја решаваат алармантната состојба со загадувањето на воздухот и решивме да ги повикаме граѓаните самите да...

Министерство за здравство: Децата со мали сипаници се во стабилна здравствена состојба

За едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се два нови случаи со морбили (мали сипаници), информираа денеска на прес-конференција директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ. Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка клиничка слика предизвикана од ова заболување. Засега, има само...

Ана Чоловиќ Лешоска: Гасоводот преку Водно не смееше да се гради

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ последниве години е инволвиран во следењето на состојбата со аерозагадувањето, во работата на Интерсекторската група за справување со загадувањето. Со извршната директорка на оваа граѓанска организација, Ана Чоловиќ Лешоска зборуваме за Планот за чист воздух, гасификацијата, за загубените години за екологијата Владата излезе со План за чист воздух, пред тоа...

Судбината на новите рудници на Југоистокот врзана со „името“

Ќе добие ли Македонија нови рудници во 2019 година на југоистокот од државата? Оваа дилема би можела да биде разрешена уште во првата половина на годинава, ако се има предвид дека се усвоени уставните измени и се релаксира општествениот амбиент во пресрет на членството во НАТО. Се очекува да бидат откочени повеќето од сега закочените процеси, меѓу кои и...

Шилегов: До крајот на годинава нов концесионер и модернизација на Дрисла

Град Скопје формирал нова комисија која треба да изврши повторна евалуација на понудите на компаниите и во склад со неа да се направи нов избор на концесионер на Дрисла. Ова за „Мета“ го потврди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој очекува за многу скоро време комисијата да си ја заврши работата и на Советот на Град Скопје да му...

Печката на Дрисла е исклучена, црниот чад е од дефектот на филтерот, велат од Инспекторатот

Црниот чад што излегува од оџаците на депонијата Дрисла е поради дефект на филтерот, велат за „Мета“ од Државниот инспекторат за животна средина. „Се работи за дефект на филтерот. Дефектот не е голем, туку се појавила пукнатина по што од Дрисла пријавиле до инспекторатот. Дрисла го има делот што треба да се замени и најдоцна за 15 дена ќе биде...

Градот ќе ги ослободи заробените дрвjа, медиумите помогнаа во нивното спасување

Град Скопје почна со процесот на ослободување на околу 1.000 дрвjа кои се наоѓаат на приближно 500 локации во градот кои поради непрописно изведените градежни активности се наоѓаат заробени во бетон, асфалт или железни решетки кои го попречуваат нивниот раст, развој и им го загрозуваат животот, објавија денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет,...

Распустот нема да продолжи, од утре сите на школо

Министерството за образование и наука соопшти дека од утре учениците се враќаат на настава. Распустот беше два дена продолжен поради загадувањето на воздухот. „Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека...

Не попушта епидемијата на морбили, денеска четири нови заболени со компликации

Министерството за здравство ќе прогласи крај на епидемијата на морбили кога ќе се случи да нема ниту еден заболен во период од четири недели, информираат оттаму за „Мета“. „Процесот на инкубација трае две недели. Кога ќе има два пати по две недели без ниеден заболен пациент, тогаш ќе се стопира епидемијата. Засега тоа нема шанси да се случи, бидејќи само...

Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

Во Кавадарци се предвидува изградба на 22-километарска гасоводна линија, за што е потребна изработка на физибилити студија која треба да биде готова за неколку месеци. Откако ќе се изработат идејниот и основниот проект, кој треба да помине на Советот на општинат, ќе следи формирање на јавно претпријатие за гасификација, најави градоначалникот Митко Јанчев. На поврзувањето на магистралниот гасовод од Неготино преку...

ДОМ: Да биде јасно, „законот за рударство“ важи и за Иловица

„Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина во сите процеси на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот, онаа што ја оспоривте како асоцијација, извршивте притисок врз институциите и го заглавивте законот цела година“, и порачуваат на Асоцијацијата за рударство двете пратенички на ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана...

Детската клиника и болницата во Козле – полни со деца со респираторни заболувања

Клиниката за детски болести како и Институтот за белодробни заболувања Козле, се полни со пациенти. Во овој период од годината, преовладуваат респираторните дијагнози а една од причините е енормно загадениот воздух. - Болницата е полна. Имаме 130 пациенти кои се хоспитализирани и околу 30 кои се во дневна болница, a вкупно капацитетот е околу 180 места - информира за ,,Мета"...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Економските аналитичари до 2020 година очекуваат пораст на инфлацијата, но и на БДП

Постепено забрзување на инфлацијата и на економскиот пораст во 2019 и во 2020 година очекуваат економските аналитичари во најновата анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП на Народната банка. „Така, за 2019 година очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе изнесува 1,8 отсто, а 2 отсто во 2020 година. Испитаниците ја објаснуваат нагорната патека на инфлацијата...

УЈП со брошури им ги објаснува сите даночни новини на граѓаните

Заради запознавање на граѓаните со оданочувањето на одделните видови на доход  согласно новините во Законот за данокот на личен доход кој се во примена од 1 јануари 2019 година, како и за полесна пресметка и пријавување на остварениот доход преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk Управата за јавни приходи подготви  брошури за да им ги објасни сите новини на граѓаните. „Oданочување на доход од закуп...

Нема продолжен распуст поради морбилите – в понеделник сите на училиште

Нема да се одложи почетокот на второто полугодие. Ваква одлука донела Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Ова се случува иако многу епидемиолози, неофицијално прогнозираа дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште. По завршувањето на состанокот на комисијата, д-р Жарко Караџовски кој е член на Комисијата, соопшти дека бројот...

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од очите на јавноста и кога...

АРМ со хеликоптер носи помош во завеаните Танушевци, Брест и Малина Маала

АРМ со хеликоптер во два налета вчера и во саботата доставила повеќе од еден тон храна и неопходни продукти во завеаните села Танушевци, Брест и Малина Маала на северната страна на Скопска Црна Гора. Доставата била организирана на барање на жителите на отсечените села, не на општината на чија територија се наоѓаат. Акцијата ја координирал Центарот за управување со кризи...

Наумовски: Превозниците незаинтересирани за субвенциите за плински уреди во возилата

Во буџетите на Град Скопје за 2018 и за 2019 година се предвидени пари за субвенции за вградување на плински уреди со цел намалување на штетните издувни гасови, наменети за приватните автобуски превозници, но овие средства минатата година останаа неискористени, поради тоа што превозниците не пројавија интерес да ги искористат, изјави за „Мета“ Никола Наумовски од кабинетот на градоначалникот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...