fbpx
Таг: автобус

таг: автобус

Повеќе од 4 милиони евра за мерки против загадувањето на воздухот во 2017 година

За 2017 година, предвидени се повеќе од 4 милиони евра за конкретни мерки и активности што ќе придонесат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје, се вели во соопштението на Град Скопје. Оттаму информираат дека за подигнување на нови зелени површини и за посадување нови дрвја предвидени се 80 милиони денари, за изработка и за реализација на програми, планови и стратегии...

Шест деца загинаа откако автобус се преврти во Тенеси

Најмалку шест деца загинаа, а 23 се повредени во градот Чатануга во американската сојузна држава Тенеси, откако автобус кој превезувал 35 ученици и деца од градинка удрил во дрво и се превртил. Како што јавуваат американските медиуми, спасувачките екипи два часа ги ваделе децата од автобусот. Возачот на автобусот е приведен и против него ќе бидат поднесени обвиненија за најмалку пет...

Шест загинати во судир меѓу патнички и школски автобус во Балтимор

Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу патнички и школски автобус во американскиот град Балтимор, соопштија американските власти. Портпаролот на полицијата во Балтимор, Ти Џеј Смит, рече дека несреќата се случила утринава, на раскрсница во југозападниот дел на градот. Тој истакна дека во школскиот автобус немало деца. Засега нема податоци за причината за несреќата и детали за жртвите.

14 патници загинаа во сообраќајна несреќа во Непал

Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 патници, а деветмина се повредени кога автобус преполн со патници излета од пат, изјавија официјални лица од областа Дадинг. Автобусот превезувал луѓе и на покривот кога излетал од патот и паднал во провалија долга околу 300 метри. Спасувачите дошле на местото на несреќата, а од Катманду бил испратен хеликоптер за да им помогне на...

Македонски државјанин загина во сообраќајка меѓу македонски автобус и шлепер во Турција

Едно лице загинало, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Турција, меѓу шлепер и автобус од Македонија, јавуваат турските медиуми. Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот, автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Повредените патници биле...

Во Индија автобус паднал во клисура, загинаа 25 лица

Најмалку 25 лица загинаа кога автобус се лизнал од планински пат и паднал во клисура на североистокот од Индија, соопшти локалната полиција. Во несреќата која се случила доцна синоќа, повредени се и 10 лица, потврди полицаецот Раџив Мехта. Тој истакна дека врнел силен дожд и дека видливоста била намалена кога автобусот излетал од патот во близина на градот Сонапур, во државата...

Четиринаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Турција

Четиринаесет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција. Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици. Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување. При спасувачките операции пронајдени се 14 тела. Се смета дека возачот на автобусот е, исто така, меѓу...

Боливија: Автобус падна во ендек, меѓу загинатите има и деца

Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени во несреќа во која автобус падна во ендек во Боливија, соопшти полицијата. Инцидентот се случи вчера, во областа Кочабамба, на 240 километри од градот Санта Круз. Шефот на полицијата во Санта Круз, Сабино Гусман, рече дека трагедијата се случила во градот Маирана и оти меѓу загинатите има четири деца. Несреќата се случила откако возачот на автобусот...

Возач на автобус шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид

Возач на македонски автобус, кој сообраќал на релација Хамбург - Охрид, шверцувал лекови наменети за коминтенти од Охрид. Царинската управа на Македонија, на граничниот премин Табановце, во два непријавени куфери, сопственост на возачот – македонски државјанин, открила и  запленила 2.655 парчиња разни таблети. Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Најмалку 21 лице ранети во експлозија на бомба во автобус во Ерусалим

Најмалку 21 лице се ранети синоќа при експлозија на бомба во автобус во јужниот дел на Ерусалим, соопшти израелската полиција. Според болнички извори, две од повредените лица се наоѓаат во критична состојба. Најголемиот дел од ранетите се наоѓале во автобусот, но меѓу нив има и патници на еден автомобил кој минувал покрај автобусот во моментот на експлозијата. Покрај автомобилот, при експлозијата е...

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 23 лица

Најмалку 23 луѓе загинаа, а 32 се повредени во сообраќајна несреќа во југоисточниот дел на Перу. Од полицијата информираа дека несреќата се случила кога автобус со патници се превртел во река во Андите. Сообраќајната несреќа се случи во  Куско, позната туристичка дестинација во Перу.  

Се преврте автобус со бугарски туристи, петмина тешко повредени

Пет лица се потешко повредени, а 21 лице се со полесни повреди откако синоќа, околу 22 часот, се превртел бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце. Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа, која се случила во близина на село Опила. Сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени во болницата во Крива Паланка. Во...

Перу: 16 загинати во автобуска несреќа

Шеснаесет лица загинаа, а 10 се повредени кога автобус не успеал да влезе во свиок на пат во централниот дел на Перу и слетал во реката Тарму, соопшти перуанската полиција. Возачот на автобусот, кој се движел кон градот Пичанаки, поради неприлагодена брзина, изгубил контрола над воланот, при што паднал од 35 метри височина во реката, соопшти локалниот шеф на полицијата Хозе...

Во пожар во автобус загинале 14 лица во Кина

Во пожар во автобус, во Северна Кина загинале 14 лица, а повеќе од 30 биле повредени. Полицијата трага по едно лице кое е осомничено за таа несреќа, соопштија властите. Инцидентот се случил во Јинчуан околу 7 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште се истражува. Изминатите години во Кина се случиле повеќе сериозни пожари во автобуси, за кои се виновни лица...

Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Вчера, околу пладне, на автобуската постојка во Тетово, четири-пет непознати лица насилно влегле во автобус на превозникот „Башким турс“ и со метални боксирачи нападнале двајца ученици од економското училиште, соопшти полицијата. Како што информира полицијата, инцидентот се случил околу 12.30 часот на улицата Илинденска, во непосредна близина на земјоделското училиште. Двајцата ученици, И.И. (18) и М.Б. (19) од селото Боговиње, поради повреди...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

Терористичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот на автобусот на безбедносните служби на тунискиот претседетел. Во соопштението на терористичката група пишува дека напаѓачот е туниски државјанин, кој го носи името Абу Абдалах ал-Туниси. Тој имал појас со екплозив со кој влегол во автобусот. Во нападот загинаа најмаку  12 лица, а тунискиот претседател воведе вонредна состојба и полициски час во центарот на градот...

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт. Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел. Во автобусот биле 59 деца на возраст меѓу 13 и 14 години, како и петмина возрасни....

Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и на автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд, а властите наведуваат дека е можно бројот на жртвите да се зголеми. Според најновите податоци, во несреќата има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени. Како што наведуваат локалните медиуми, двете возила се запалиле веднаш по сударот. На местото се наоѓаат...

Тепачка на средношколци на автобуската пред Народна банка

Вчера, околу 20 часот, во Скопје, на булевар Кузман Јосифовски Питу, на автобуска постојка пред Народна банка, М.М. со група од околу 15 средношколци, физички ги нападнале И.Ј. (2000) и З.Е. (1999), удирајќи ги по телото, а потоа се качиле во приватен автобус број 55. Автобусот е запрен на последна станица на автобуската линија со број 45, по што лицата се приведени...

Првите бегалци пристигнаа во Хрватска

Изутринава, во 4.30 часот, на автобуската станица во Шид, Хрватска, пристигна првиот автобус со 70 бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и од Мавританија. Потоа, пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник. На привремена станица, спроти прифатниот центар во Прешево, уште десетина автобуси со натписи „Шид“ и „Хрватска“ се подготвуваат да тргнат кон...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...