Многуте корисници ја уриваат апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список
март 10, 2016
Веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список вчера неколку часа беше блокирана од премногу корисници, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Честите кликнувања на граѓаните за да го проверат избирачкиот список ја блокирале работата на веб-апликацијата. Од утрово таа функционира нормално. Од пред неколку дена на страницата на избирачкиот список до името на секој граѓанин постои […]