fbpx

Груевски: На избори не гласаат адресите, гласаат државјани на Македонија

-

Гласачи на избори се сите лица што имаат државјанство, а не тие што живеат на онаа или оваа адреса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека СДСМ се обидува вештачки да создаде привид дека има некаков хаос и неправилности во избирачкиот список.

Според Груевски, актуелниот избирачки список е истиот во последните 20, 30 и повеќе години и дека во Македонија отсекогаш имало лица кои ги менувале адресите, а не го пријавувале тоа.

– Тоа не е некакво кривично дело. Но, тоа во овој случај се злоупотребува од СДСМ. Кривично би било доколку едно лице гласа на две места, но во овој случај немаме таква ситуација, само некој граѓанин се преселил од едно на друго место, а не ја пријавил адресата во МВР најчесто затоа што и не знае дека треба да се пријави – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ се обидува да создаде привид за хаос во избирачакиот список, со една единствена цел – кога ќе дојде време за распуштање на Собранието и за поднесување на листите на пратеници, да не излезат на избори или ако излезат, по изборите да прогласат дека сè било нерегуларно и дека не ги признаваат изборите.

– Пет претседатели на ДИК ја раководеа институцијата досега и не им пречеа адресите какви што се. Не им пречеа адресите на СДСМ во 2002 година кога победија на изборите, во деведесеттите кога победуваа на избори, не пречеше ни на ВМРО кога победи во 1998 и во 2006 година, туку им текна сега. Уште еднаш повторувам дека адресите не гласаат, туку гласаат луѓе кои мора да се државјани на Република Македонија – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...