fbpx
Таг: оружје

таг: оружје

Две лица загинаа, а 13 се ранети при пукотници во Торонто

Напаѓачот и една млада жена се убиени, а 13 лица се ранети во пукотници кои се случија во Торонто, пренесуваат светските медиуми. Престрелките со оружје се случиле на авениите Данфорт и Логан, место каде што се наоѓаат многу познати ресторани, кафулиња и трговски центри. Една млада девојка е во критична состојба, додека останатите ранети се хоспитализирани. „Ги истражуваме сите мотиви и не...

Борат го прелажа „путиновиот конгресмен“ Рорабакер, кој ја делеше и ништеше Македонија

Во својата нова провокативна комична серија „Who is America? (Која е Америка?)“, британскиот комичар Саша Барон Коен ги прелажа контроверзниот американски конгресмен Дејна Рорабакер, неговиот колега Џо Вилсон, како и поранешните сенатор и конгресмен Трент Лот и Џо Волш, да дадат јавна поддршка за измислената програма „Киндергардианс“, со која наводно на децата во градинките во Израел од тригодишна до...

Една година затвор за поседување оружје за дедото на малата Тамара

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид...

ВМРО-ДПМНЕ: Со вработувањето на Командант Хоџа, Заев им попушта на насилниците

Единствена референца на пријателот на Заев, Командантот Хоџа, е тоа што тој склучил политички договор со првиот човек на СДСМ да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата. Но, кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција? Каква...

Двајцата повредени војници се во стабилна состојба

Двајцата повредени војници се со прострелни рани и повреди на левата натколеница, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, по нивната посета на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. - Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови...

Пукање во Чаир, повредено 24-годишно момче

Денеска околу 17.40 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје од возило во движење пукано е во лицето Б.И. (24), информираат од МВР. Повредениот Б.И. веднаш е пренесен во болница, а полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Двајца застрелани при обид да ограбат менувачница во Кисела Вода

Две лица се убиени при вооружена пресметка во менувачница во скопската населба Кисела Вода. Неофицијално, двете лица се убиени при обид да ограбат менувачница, која е лоцирана на булеварот Борис Трајковски, кај Чешма во Кисела Вода. Според првичните информации, лицето во менувачницата најверојатно извадило оружје и ги убило разбојниците. Пред менувачницата во моментов има големо полициско обезбедување и три амбулантни возила.

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите на Исламска држава, пронашла толку многу оружје што ќе ѝ требаат шест дена за да го собере, соопшти бригадниот генерал на сириската војска, Хасан Сухаил, додавајќи дека поголем дел од оружјето потекнува од земји членки на НАТО. - Ќе ни требаат најмалку шест дена за...

Кај скопјанец откриен арсенал оружје и муниција

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Г. (57) од Скопје, поради сомнеж дека неовластено изработувал и поседувал оружје, односно дека посредувал и тргувал со оружје или распрскувачки материи, како и дека прикривал стоки кои се предмет на криумчарење и вршел царинска измама. Како што соопшти МВР, по преземени оперативно-тактички мерки,...

Пукање во штаб на ДУИ и искршен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на вчерашниот ден било искршено стакло на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, во село Злетово, a за време на јавниот собир на партијата бил приведен маж поради нарушување на јавниот ред и мир. Во село Пласница, пак, од автомобил биле испукани неколку куршуми кон штаб на ДУИ, информираат од МВР. Синоќа во периодот од 1.50 до 2.15...

МНР: Нема пријави за загинати или повредени македонски граѓани во нападот во Лас Вегас

Според досегашните информации од дипломатско-конзуларните претставништва низ САД, нема пријави за загинати или повредени граѓани на Македонија во нападот во Лас Вегас, информираат од македонското МНР. Оттаму додаваат дека за евентуална потреба, помош или инфoрмации, македонските државјани можат да се јават на дежурниот телефон во амбасадата на Македонија во Вашингтон, +1 102 66 70501. Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку...

Експлозии во складиште со оружје во Азербејџан – шест повредени

Најмалку шест лица се повредени откако пожар зафати складиште за оружје, во воена база во Азербејџан, по што следуваа неколку експлозии, јавуваат азербејџанските медиуми. Засега не се знае дали повредените се цивили или војници. Поради експлозиите и пожарот, евакуирани се жителите на околните села, а затворен е и автопатот кој главниот град Баку го поврзува со Русија. Локалните власти велат дека противпожарните...

Меркел сака да се приклучи кон лудилото на Трамп за вооружување, смета Габриел

Изборите во Германија се референдум за тоа дали земјата ќе се приклучи кон „лудилото за вооружување“ на американскиот претседател Доналд Трамп, смета лидерот на германската Социјалдемократска партија, Зигмар Габриел, кој е и германски министер за надворешни работи. Тој ја обвини канцеларката Ангела Меркел дека му се умилкува на Трамп со нејзината „посветеност“ за зголемување на буџетот за одбраната. - Изборите во...

САД демантираат дека им испратилe тенкови и оружје на Курдите

Амбасадата на САД во Турција ги демантираше наводите на турските медиуми дека американската армија испратила тенкови и стотина камиони со оружје во Сирија за да ја поддржи курдската милиција ИПГ. Амбасадата во соопштението наведува дека САД немаат испорачано тенкови на ниту една група која се бори против исламистите во Сирија и оти бројните камиони кои ја минуваат ирачко-сириската граница не...

Големо количество оружје пронајдено кај Блаце, на регионалниот пат кон Косово

Големо количество оружје денеска било пронaјдено во близина на Блаце, на регионалниот пат кон Косово, соопштија од Министерство за внатрешни работи. „Денеска од страна на единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со единицата за брзо распоредување, единицата „Алфа“ и единицата за увид на местото на...

СУТКОЗ: Директорот на „Водовод“ го повлекол целото оружје од клучните објекти и ја загрозил безбедноста на граѓаните

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов, во февруари го повлекол целото оружје со кое се бранат стратешките објекти од водоснабдувањето на Скопје, соопшти денеска претседателот на Синдикатот за туризам, угостителство и за комунални дејности (СУТКОЗ), Дарко Димовски. Атанасов, како што соопшти Димовски, на 23 февруари, без образложение и одобрение од Министерството за внатрешни работи, одлучил да го повлече...

САД ја обвинија Русија дека ги помага талибанците, Москва негира

Американскиот армиски генерал Кертис Скапароти изјави дека Русија можеби ги снабдува со оружје талибанците во Авганистан, но Москва веднаш ги отфрли ваквите наводи и ги оцени како лажни. На сослушувањето во Сенатот, армискиот генерал и врховен сојузнички командант во Европа, Скапароти, рече дека забележал пораст на руското влијание при „побуните на талибанците во Авганистан“. - Забележав пораст на влијанието на Русија во...

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). - ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да извлече поуки од речиси четиринеделениот...

Пронајдено оружје во штипскиот затвор

Во затворот во Штип, во просторот каде престојувале затвореници, пред неколку дена биле пронајдени делови од оружје. Според штипската полиција, рамка од пиштол и еден куршум биле пронајдени во одвод од канализација. Деловите од оружјето веќе биле кородирани, потврдија од СВР Штип. Екипа на криминалистичката полиција, по пријавата од затворот, била на терен и случајот е затворен. Меѓутоа, од полицијата...

Рокот за замена на дозволите за поседување оружје истекува на 12 април

Министерството за внатрешни работи соопшти дека рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје истекува на 12.04.2017 година. До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...