Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Украина ќе ги добие 18-те милијарди евра од ЕУ, САД испраќаат енергетска опрема

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за испраќање на ветената помош за Украина во висина од 18 милијарди евра. Европските влади се договорија со Унгарија да отстапи од ветото, а во замена за тоа ЕУ да биде пофлексибилна во однос на замрзнатите фондови од ЕУ за Унгарија, пишува Гардијан. Тоа значи дека Украина ќе добие 18 милијарди евра од буџетот...

Самит во Тирана – кон забрзана и/или постепена интеграција?

Самитот во Тирана од 6 декември се означува како „прв самит одржан во некоја од земјите во регионот“. За волја на вистината, првиот самит одржан во некоја од земјите во регионот беше во 2000 година во Загреб, тогаше кога Хрватска не само географски, туку и формално припаѓаше на политичката конгломерација „Западен Балкан“. Меѓутоа, тоа воопшто не е негативна споредба...

Грковска: Од заробена држава станавме ценет меѓународен партнер, но имаме уште работа

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава, a aко сакаме стабилност, мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска,...

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија. Како што информираат во Министерството...

„е-Општество.мк“: Каде е Балканот во Дигиталната агенда?

Првата панел дискусија во рамките на конференцијата е-Општество.мк беше на тема „Опсерваторија за Дигитална агенда - Каде е моментално Западен Балкан?“. Дигиталната агенда на ЕУ за Западен Балкан беше усвоена од сите шест земји од Западен Балкан во 2018 година во Софија, а на оваа сесија се дискутираше за статусот и напредокот на спроведувањето на Дигиталната агенда во земјите...

Отворена конференцијата е-Општество.мк, во фокусот кибер отпорноста за слобода и безбедност

Фондацијата Метаморфозис по 18-ти пат ја организира меѓународната конференција е-Општество.мк, која што денеска започна во хотелот „Мериот“ во Скопје. Со исклучително актуелната тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“ што ја третира, конференцијата започна пред преполна сала со обраќања на амбасадорите на ЕУ, Дејвид Гир, на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, како и на Обединетото Кралство, Метју Лосон. Како...

Потпишан договорот за поевтин роаминг во ЕУ, во иднина ќе дојде и до целосно укинување на роамингот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан - Европска Унија во Тирана, заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ, соопшти Владата. Тоа...

Мишел на самитот во Тирана: Иднината на ЕУ е со Западен Балкан

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека станува збор за историски ден не само за Тирана, туку и за односот на ЕУ со Западен Балкан. Тој порача дека иднината на Европската унија е со Западен Балкан, како и дека денеска на самитот ќе бидат потпишани конкретни договори за побезбедна иднина. „Ова ќе биде...

Цената на руската нафта ограничена на 60 долари за барел

По неколкумесечни преговори на западните сојузници, земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел. Кон ваквото ограничување се приклучија и земјите од Г-7, како и Австралија. САД сметаат дека новото ограничување на цената на руската нафта веднаш ќе го намали најважниот извор на приходи на Путин што ги користи за...

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Полска Во јуни оваа година, Полска побара од Европската комисија да ги одмрзне средствата  од Фондот за обнова и отпорност во висина од 34 милијарди евра. Комисијата не ѝ ги префрла овие средства на Полска поради утврдените прекршувања на Регулативата (од 2020 година) со која се воведе условеност на владеење на правото за фондовите на ЕУ. Полска е нето-примател од...

ЕУ ќе спроведе „стрес тест“ во седиштето на Твитер

Висок функционер на Европската унија во средата го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека платформата за социјални медиуми мора да преземе значителни чекори за усогласување со законите на ЕУ за умереност на содржината и дека европските претставници внимателно ќе го следат усогласувањето, пренесе Си-Ен-Ен. Твитер има „огромна работа“ за да ги исполни своите обврски според Законот за дигитални услуги,...

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на изведба на пречистителната станица...

НАТО со невоена помош за Украина зимава, ЕУ планира суд за руските воени злосторства

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на денешната средба во Букурешт ќе одлучуваат за испраќање на невоена помош за Украина која ќе ѝ биде неопходна во зимските месеци. Станува збор за електроенергетска опрема, првенствено генератори на струја и трансформатори, но и шатори, ќебиња и друга зимска опрема, пренесува Гардијан. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави...

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата ќе бидат наменети и...

„5 до 12“ за енергетска транзиција на Балканот 

Многу работи на Балканот се случуваат во последен миг. Како заладува времето, така зачестуваат состаноците и ветувањата за зелена енергетска транзиција на Западниот Балкан. За само еден месец беше најавена итна помош на Европската комисија за надминување на енергетската криза, потоа објавена нова декларација за зелена транзиција во рамките на Берлинскиот процес, па одржан и регионален состанок во Белград. Она...

Маричиќ: ЕУ да направи јасен план за проширување на Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ говореше на „Балканскиот интегративен форум 2022“, како панелист на тема „Западен Балкан и проширувањето на ЕУ – одраз на руската агресија врз Украина“. „Сега е најважно што побрзо ЕУ да направи јасен план за проширувањето на Западен Балкан, со временска рамка во која земјите од Западен Балкан, или барем повеќето...

КОП 27 завршува денес, ЕУ согласна на фонд за помош на сиромашните земји за климатски катастрофи

Меѓународната климатска конференција КОП 27 денеска завршува во Египет, а една од позитивните вести доаѓа од Европската Унија (ЕУ) која се согласи на формирање и финансирање на меѓународниот фонд за загуби и штети што треба да им помогне на најсиромашните земји во светот да се справат со климатските катастрофи, пишува Гардијан. Драматичната интервенција на ЕУ доаѓа во моментот кога САД...

Младите од Западен Балкан во Тирана дискутираа за младинските перспективи на регионот

Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Станува збор за регионална иницијатива која се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, а која работи на зајакнување на партнерствата помеѓу локалните власти и граѓанското општество,...

Маричиќ: Реформите не се обврска само кон ЕУ, тие се наша должност и обврска кон граѓаните

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во обраќањето на втората панел-дискусија, посветена на „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и „Ресурси, земјоделство и кохезија“, рече дека напредокот во спроведувањето на реформите не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство во ЕУ, туку дека тоа е должност и обврска кон граѓаните. „Целта ни е јасна, реформите...

Ковачевски-Рама: Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, ќе биде фатално да имаме враќање назад

Премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска на заедничка прес-конференција ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион. Премиерот Ковачевски неколку пати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси и истакна дека втората меѓувладина седница денеска...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...