Грковска: Од заробена држава станавме ценет меѓународен партнер, но имаме уште работа

-

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава, a aко сакаме стабилност, мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии“, што синоќа се одржа во Рим.

Овој настан се одржа во рамки на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.

Ако имаме стабилни институции, додаде Грковска, кои се транспарентни, ефикасни, професионални и отпорни на политичко влијание, но и правосуден систем отпорен на политичко влијание, тогаш ќе може многу полесно да се соочиме со сите предизвици на кои наидуваме.

„Во однос на напредокот на Република Северна Македонија морам да нагласам дека во последните пет години постигнавме многу. Од заробена држава станавме високо признаен и ценет меѓународен партнер, станавме земја членка на НАТО, ги почнуваме преговорите со Европска Унија. Но тоа сепак не е доволно. Имаме уште многу работа пред нас, доколку сакаме да изградиме стабилен и одржлив систем“, нагласи Грковска.

Како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, на панелот се разговарало и за меѓусоседските односи во регионот на Западен Балкан, при што вицепремиерката Грковска истакна дека на регионот и на Европа им требаат сојузништва меѓу прогресивните и луѓето со интегритет, кои се посветени да направат позитивни промени.

„Популизмот е најштетното нешто за една демократија. Лесно е да си политичар и да го кажуваш само тоа што граѓаните сакаат да го чујат. Треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат и да ги спроведеш вистинските реформи“, потенцираше Грковска.

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна апликација за...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Официјални лица од администрацијата на Трамп испратиле воени планови во групен чет со новинари

Високи претставници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, вклучително и неговиот секретар за одбрана, испратиле воени планови за претстојни воени напади во Јемен во групен чет на безбедна...