Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран

-

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија.

Како што информираат во Министерството за транспорт и врски, активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата на Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток – Запад беше препознаено од страна на Советот на министри за транспорт на Европската унија.

Министерот Благој Бочварски вели дека стратешките планови за изградба и модернизација на овој Коридор ги презентирал во Европската Комисија во Брисел во рамки на 6. Министерски совет на Транспортната заедница, чии домаќин беше комесарката за транспорт на ЕУ, Адина-Јоана Валеан.

„Благодарност за Чешкото претседателство, силната поддршка од страна на комесарката за транспорт Валеан, министрите за транспорт од регионот и директрот на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек кои дадоа сериозни аргументи за оваа многу значајна одлука“, истакна министерот Бочварски.

Со оваа одлука европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе даде дополнителна додадена вредност и можност за посилен економски раст на регионот на Западен Балкан и Европската Унија.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...