Таг: буџет
таг: буџет
Буџет 2022: Колку пари и за кои проекти ќе се трошат догодина – училишта, гасификација, болници
Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура - Коридор 8, инвестции во Коридорот 10, физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен, изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, гасовод меѓу Скопје и Косово, Македонија и Грција... Ова се дел од планираните јавни инфраструктурни инвестиции во новиот буџет за 2022 година.
„Порталб“ го анализира развојниот дел на...
Анализа на „Порталб.мк“: Од 0 до над 90 проценти – кои министерства и институции колку ги реализирале капиталните расходи?
Се ситни третиот економски квартал – до средината на август преку државниот буџет реализирани се само 155,5 милиони евра од вкупно планираните за годинава 483 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Некои државни институции успеале да достигнат реализација на капиталните расходи повисока од 90 проценти, кај други остварувањето е нула.
За седум месеци – реализација од 30 проценти на јавните инвестиции...
Историски најамбициознен...
Усвоен ребалансот на буџетот, Бесими вели ќе има повеќе пари за здравство, пензии и плати
Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои ребалансот на буџетот за 2021 година, што, според министерот за финансии Фатмир Бесими значи повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права.
Вкупните приходи со измените и дополнувањата...
Анализа на „Порталб.мк“: Детали од ребалансираниот буџет, кои проекти засилуваат, за кои ќе има помалку пари?
Ќе растат и јавните и приватните инвестиции со засилено темпо. По најавата дека во период од шест години Владата најавува инвестциски бран од 8 милијарди евра – оптимистичките прогнози за рестаритрање на инвестциите вградени и во ребалансираниот буџет.
„Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 проценти во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на...
Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто
И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб.мк“. Што велат економистите?
Власта...
Владата го усвои ребалансот на буџетот, кој е во насока на справување со последиците од ковид-19
Владата на 77. седница ги донесе измените и дополнувањата, односно ребалансот на буџетот за 2021 година, кои, заедно со дополнувањата на Законот за извршување на буџетот за 2021 година, ќе бидат доставени на усвојување до Собранието.
„Според презентацијата на Министерството за финансии, со овој ребаланс приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата...
На „Денот на буџетот“, средба на Бесими со поранешните министри за финансии: буџетот е во добра кондиција
Економската состојба во државата е подобрена, макроекономските движења се во позитивна насока, а во услови на фискална консолидација треба да се одржи развојната компонента на високо ниво, односно да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе донесат принос на долг рок. Ова беше потенцирано на денешната средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и поранешните министри за финансии, по...
Бесими: Економијата полека се враќа во нормала, буџетот е во стабилна кондиција
Економската активност полека се враќа, има добар тренд на реализација на приходите, а во февруари тие се очекува да бидат подобри во споредба со лани, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој очекува проектираниот раст од 4,1 проценти да се задржи и дека по вториот квартал, економската активност полека ќе се врати на новата нормала.
„Со сите мерки што ги презедовме...
Собранието го усвои буџетот за 2021 кој тежи 4 милијарди евра
Собранието го усвои буџетот за 2021 година, без присуство на опозицијата која ја напушти салата по обвинувањата дека буџетот е неразвоен.
Од Министерството за финансии информираат дека ова е прв среднорочен буџет со очекување за раст на економијата догодина од 4,1 проценти и намалување на буџетскиот дефицит за 3,6 процентни поени во однос на годинешниот.
Како што беше истакнато при презентирање...
МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година
Со предлог-буџетот за 2021 година, Министерство за информатичко општество и администрација планира да одвои 670,5 милиони денари (10,9 милиони евра) од државниот буџет за Македонската-радио телевизија. Ова е намалување од 223,5 милиони денари (3,6 милиони евра), наспроти 894 милиони денари (14,5 милиони евра) кои за јавниот сервис беа одвоени во буџетот за годинава.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон...
В година на граѓаните ќе им бидат на располагање 764.000 евра за субвенции за енергетска ефикасност
Буџетот на Министерството за економија за 2021 година ќе изнесува 826 милиони денари, или 13,4 милиони евра. Од овие средства, 130 милиони денари (2,1 милион евра) се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари (2,7 милиони евра) се за капитални расходи, а 190 милиони денари (3 милиони евра) се за разни субвенции, информира на денешната прес-конференција,...
Во предлог-буџетот за 2021 година предвидени 2,2 милиони евра за гасификацијата
Во предлог-буџетот на Министерството за економија за 2021 година, за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 140 милиони денари (2,2 милиони евра), средства коишто АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција на која информираше за буџетот на министерството. Во сумата...
Анализа на Порталб на планираниот буџет за следната година: повеќе пари од даноци, планирани и локалните избори [инфографик]
Догодина ќе се троши најголемиот буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра, пишува порталот на албански јазиј, Порталб.мк. Приходите се планирани на ниво од 3 милијарди и 457 милиони евра, со буџетски дефицит од 568 милиони евра. Контурите на новиот буџет се поставени како рамка на оптмистичко сценарио – стивнување на здравствената криза во првиот квартал...
Во 2021 година 20 милиони евра повеќе за плати во администрацијата
Од вкупните буџетските расходи во 2021 година кои се проектирани на 247,5 милијарди денари (4 милијарди евра) за плати и надоместоци на администрацијата ќе се одвојат 31,3 милијарди денари (510 милиони евра), покажува предлог-буџетот за 2021 година кој беше доставен до Собранието.
Станува збор за пораст од 4,1 отсто во однос на годинашниот буџет во кој за плати и надоместоци...
Усвоен ребалансот на буџетот, најголем дел од средствата наменети за здравствениот систем и економските мерки
Парламентарното мнозинство го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата.
Со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекот...
Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници
Со ребаланост на буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19, информираат од Министерство за здравство.
„Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари...
НАТО бара вложување во одбраната и поотпорни општества
„Поправедна распределба на товарот“, односно порамноправно вложување во одбраната, зајакнување на одбранбените и способностите за одвраќање, како и засилување на отпорноста на општествата се главни теми на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во рамки на Северноатлантскиот совет. Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска на денешната сесија преку видео-конференциска врска се заблагодари за помошта на НАТО...
Истражување: Само 38 отсто од општините годинава дале отчет кон граѓаните
Во 2020 година само 38 отсто од општините дале отчет кон граѓаните за преземените и спроведени активности во 2019 година, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА) со наслов „Фискалната транспаретност на општините во Северна Македонија“.
„Ова укажува на ниска свест на општините за нивната отчетност за сработеното во минатиот период. Честопати, општините се повикуваат дека годишниот извештај...
Почна собраниската расправа по ребалансот на буџетот
Во Собранието денеска почна расправата за ребалансот на државниот буџет за 2020 година. Расправа се води во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на ребалансот рече дека со него се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки. Меѓу нив, целта на ребалансот е да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и...
Ребалансот на буџетот пред пратениците: Расходите се зголемуваат за 162 милиони евра
Владата го испрати во Собрание предлогот за ребаланс на буџетот за 2020 година, во кој меѓудругото се предвидува зголемување на расходите за 10 милијарди денари (162 милиони евра) во однос на првичните буџетски проекции за годинава.
Вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари (4,1 милијарди евра) и се за 4,1 отсто повисоки во однос на планот.
„Имајќи ги...