fbpx

Почна собраниската расправа по ребалансот на буџетот

-

Во Собранието денеска почна расправата за ребалансот на државниот буџет за 2020 година. Расправа се води во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на ребалансот рече дека со него се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки. Меѓу нив, целта на ребалансот е да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои ќе помогнат во спроведување на брза излезна стратегија од ковид кризата.

„Четвртиот сет мерки има три столба. Првиот е наменет за граѓаните, социјалниот сегмент што се однесува на граѓаните и нивниот стандард за соочување со овој период. Вториот столб се однесува на приватниот сектор односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување. Третиот столб подразбира фискална и финансиска стабилност на економијата во целина. Таргетираните мерки ќе го амортизираат ударот врз домашните погодени компании преку стимулирање на приватната потрошувачка и поддршка на приватниот сектор,“ посочи Бесими.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,1 проценти односно за околу 10 милијарди денари се повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 проценти од БДП.

Проектираниот дефицит за 2020 година, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 26,9 милијарди денари и отплатата на домашен долг во износ од 15,3 милијарди денари ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ веќе најави 170 предлог-амандмани на ребалансот на буџетот, кои што ќе се однесуваат за одвојување на повеќе средства за инфективните одделенија како и за проекти за намалување на загаденоста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...