fbpx

Анализа на Порталб на планираниот буџет за следната година: повеќе пари од даноци, планирани и локалните избори [инфографик]

-

Догодина ќе се троши најголемиот буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра, пишува порталот на албански јазиј, Порталб.мк. Приходите се планирани на ниво од 3 милијарди и 457 милиони евра, со буџетски дефицит од 568 милиони евра. Контурите на новиот буџет се поставени како рамка на оптмистичко сценарио – стивнување на здравствената криза во првиот квартал од следната година што треба да донесе економско заздравување и раст на БДП од 4,1 проценти.

Очекувања за 2021 – умерена инфлација, раст на вработеноста

Раст на извозот и увозот, инвестициите во позитива, намалување на невработеноста, умерена инфлација – креаторите на економските политики во новиот буџет за 2021 вградија амбициозни проекции за следната буџетска година – под претпоставка дека здравствената криза ќе помине.

„Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 7,7 проценти, при што значајно влијание врз инвестициите е предвидено да имаат враќањето на довербата на деловните субјекти, планираните инвестиции на јавниот сектор, зголемената поддршка за развој на приватниот сектор, иновациите и зајакнување на конкурентноста, како и интензивирањето на странските инвестиции,“ – се наведува во буџетот за 2021 година.

И останатите параметри кои го дефинираат економскиот раст се со позитивен предзнак, па така извозот се очекува да се зголеми за 14 проценти, а увозот за 13,2 проценти. Се предвидува и намалување на невработеноста, која сега е во пораст по долги години намалување.

„Според основното сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1,9 проценти, што ќе резултира со дополнително намалување на стапката на невработеност наредната година,“ предвидува власта.

Буџетските приходи ќе растат, ќе се продаваат државни станови и државно земјоделско земјиште. На приходната страна, која во однос на годинава е зголемена за 8,3 проценти, се очекува раст по сите основи – приходи од даноци, неданочни приходи, придонеси, капитални приходи.

Интересна е проекцијата за речиси удвојување на „капиталните приходи“ во однос на годинава. Од Владата најавија дека следната година како извор за финасирање на „дупката“ во буџетската каса ќе биде продажбата на државни фирми – загубари но и продажба на државно зејоделско земјиште. Токму овие извори се нотирани и во буџетот за 2021 година.

Во Буџетот се планирани 3,2 милијарди денари како капитални приходи по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком.

Кај даночните приходи најголем прилив во износ од 1,3 милијарди евра се очекува по основ на ДДВ а најголема приходна ставка ќе бидат придонесите за социјално осигурување – со износ од 1,1 милијарда евра.

Трошењата ќе се намалат во однос на годинава..

Стивнувањето на Ковид кризата треба значајно да ги намали трошењата на државата преку ставката „субвенции и трансфери“ од каде во најголем дел се финансираат мерките за помош на економијата. До година, трошењата преку оваа ставка во однос на годинава се речиси преполовени и ќе изнесуваат 332 милиони евра.

Интересна е проекцијата за речиси удвојување на „капиталните приходи“ во однос на годинава. Од Владата најавија дека следната година како извор за финасисрање на „дупката“ во буџетската каса ќе биде продажбата на државни фирми – загубари но и продажба на државно земјоделско земјиште. Токму овие извори се нотирани и во буџетот за 2021 година.

Во буџетот се планирани 3,2 милијарди денари како капитални приходи по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком.

Кај даночните приходи најголем прилив во износ од 1,3 милијарди евра се очекува по основ на ДДВ а најголема приходна ставка ќе бидат придонесите за социјално осигурување – со износ од 1,1 милијарда евра.

Најголем пораст на трошењата во однос на годинава има кај ставката за стоки и услуги кој меѓудругото се објаснува и претстојните локални избори во 2021 година. Најголем износ на буџетски пари и натаму ќе се одлева за социајлни трансфери. Раст има и кај расходите за плати и надоместоци.

„Расходите за стоки и услуги се проектирани на ниво од 21,3 милијарди денари, со што ќе се обезбеди редовно и непречено подмирување на обврските на буџетските корисници со сведување на минимум на сите помалку продуктивни трошења од Буџетот, обезбедување на средства за здравствена заштита на населението, спроведување на локалните избори и пописот во 2021 година, како и исполнување на НАТО стандардите,“ се наведува во буџетскиот документ.

За исплата на пензии догодина од буџетот ќе се потрошат една милијарда евра кои се дел од наголемата ставка за социјални трансфери. Во однос на годинава голем раст за 20 проценри се планира кај капиталните инвестции.

„Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари (374.000.000 евра) или за 20 проценти повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми“

Буџетот за следната година е проектиран врз основа на оптимистичко сценарио.

„Натамошното пролонгирање на инфекцијата од коронавирусот, како во земјата така и на меѓународно ниво, може да резултира со заострување на ограничувачките мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинставата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство и оттука негативни последици врз севкупната домашна економска активност,“ се наведува во буџетот.

Повеќе пари за трошење догодина ќе имаат Собранието, Пртеседател на држава, Министерствата за политички систем, за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, надворешни работи, УЈП, Министерството за животна средина, за транспорт и врски, за труд и социјална политика, МОН, Министерство за здравство…

Помалку пари се планирани за Агенција за разузнавање, Влада, ДИК, Министерство за економија, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Министерство за информатичко општество и администрација, Агенција за иселеништво…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...