fbpx
Таг: авион

таг: авион

Малезија ќе бара на уривачите на авионот над Украина да им се суди пред меѓународен суд

Властите во Куала Лумпур планираат да побараат формирање меѓународен суд, кој ќе ги казни тие што минатата година го собориле авионот на „Малезиан ерлајнс“ над Источна Украина, пишува малезискиот весник „Стар“. Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, за време на посетата на Пекинг, изјави дека неопходно е прашањето за вината да се покрене пред меѓународна структура бидејќи мала е веројатноста...

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид, од почетокот на јуни 2016 година, потврди генералниот директор на „Аркија интернејшнл“, Дуду Макхлаб, на состанок со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски. Планирани се два чартер-летови неделно, а во моментов се проверуваат сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори...

Малезискиот авион МХ17 и официјално бил соборен со ракета над Украина

Холандската комисија за безбедност денеска го презентира извештајот за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ17, во Украина, минатата година, според кој авионот се срушил откако бил погоден со ракета од типот „бук 9м38“ од руско производство. Како што пренесува „Би-Би-Си“, проектилот го погодил левиот преден дел од авионот, што предизвикало распаѓање на леталото, се наведува во финалниот...

Франција почна со воздушни напади врз ИД во Сирија

Франција соопшти дека почна со првите воздушни напади врз милитантната група Исламска држава во Сирија. Во соопштението од претседателскиот кабинет е наведено дека со првите напади се погодени терористички цели кои претходно биле утврдени при извидничките мисии што беа спроведени во изминативе две недели.

Иванов го потпиша указот на Законот за специјален обвинител

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва го потпишал указот на Законот за специјален јавен обвинител. „Во согласност со процедурата, законот е потпишан од претседателот Иванов и е предаден во Собранието“, соопштија од кабинетот на Иванов. Неофицијално се дознава дека законот со владиниот авион бил однесен во Подгорица, Црна Гора, каде во дводневна посета се наоѓа Иванов и со истиот авион е вратен назад.

Забележан потенцијален дел од исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Пилот на „Ер Франс“ забележал пловечки објект на околу 70 километри од островот Реунион, со што се подгреаја шпекулациите дека можеби станува збор за дел од исчезнатиот авион МХ370 на „Малезија ерлајнс“. Информацијата доаѓа неколку недели откако на островот беше пронајден дел од крилото на авионот, за кој беше потврдено дека му припаѓа на исчезнатиот авион.

В недела трето прскање против комарци

В недела, од 5 до 11 часот, Град Скопје третпат ќе врши авионска дезинсекција против ларви од комарци. „Опфатени ќе бидат сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и во неговата околина, како и по текот на реката Вардар. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден...

Авион на „Бритиш ервејс“ се запали во Лас Вегас

Еден од моторите на авион на „Бритиш ервејс“ денеска се запали на писта во Лас Вегас, додека се подготвувал да полета за Лондон, а поради огнот, патниците морале да се спасат спуштајќи се преку помошните тобогани на итните излези. Сите 159 патници и 13 членови на екипажот на летот 2276 успеале да излезат од авионот, рече портпаролот на Меѓународниот аеродром „Маккаран“. Црн...

Потврдено – пронајдените остатоци му припаѓаат на малезискиот авион

Француското обвинителство денеска соопшти дека со сигурност може да потврди дека пронајден е дел од исчезнатиот малезиски авион од летот МХ370. Остатокот од крило пронајден на 29 јули на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан му припаѓал на малезискиот авион. Со тоа се потврдува минатомесечната изјава на малезискиот премиер. Малезискиот авион исчезна по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг, на 8...

Во поплавените подрачја ќе се врши авионска адултна дезинсекција

На 20 август во четврток Центарот за јавно здравје Тетово во координација со Министерството за здравство, ќе изврши авионска адултна дезинсекција против комарци на поплавените подрачја во тетовскиот регион. Авионската дезинсекција ќе се врши од од 5 до 8 часот наутро, во населените места Теново, Брвеница, Озормиште, Сиричино, Туденце, Раотинце и Јегуновце. И во подрачјето на Општина Тетово од 19...

Пронајдени остатоци од индонезискиот авион

Жителите на провинцијата Папуа на крајниот исток на Индонезија ги известиле властите дека пронашле остатоци од авионот за кој тврдат дека се срушил во таа област. Ова го изјавил официјален преставник на авиокомпанијата „Тригана“ откако нивен авион со 54 патници и членови на екипажот денес исчезна од радарот. Оперативниот директор, Бени Сумарјанто, изјавил дека компанијата добила извештај за падот на авионот...

Индонезискиот авион удрил во планина?

Индонезискиот патнички авион удрил во планина при што загинале сите кои биле во него, рекол неименуван извор од локалната авиокомпанија „Тригана“, но за сега нема потврда за оваа информација. Потрагата за авионот е прекината поради лошите временски услови и ќе продолжи утре. Индонезиската авиокомпанија „Тригана“ соопшти дека авионот изгубил контакт со контролата на летање на аеродромот во Окбил. - Не сме сигурни...

Исчезна индонезиски авион со 54 патници

Авион на една индонезиска компанија со 54 патници исчезнал во регионот на Папуа Нова Гвинеја. Шефот на индонезиската Национална управа за пребарување и спасување, Бамбанг Соелистјо, потврди дека контактот со авионот е изгубен. Од Националната управа соопштуваат дека авионот кој летал на домашна линија и припаѓал на компанијата „Тригана“ и дека во него се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца и...

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

Министерството за здравство во четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на вкупна површина од околу 6.000 хектари на подрачјата на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите. Авионското прскање ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. „За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено...

На аеродром во Стокхолм, азилант од Етиопија пронајден во багажник на авион

Шведските власти соопштија дека, денеска на меѓународниот аеродром во Стокхолм откриле „слеп патник“ на летот од Адис Абеба, кој се сокрил во просторот наменет за багажот. Станува збор за дваесетгодишен илегален емигрант од Етиопија, кој сакал да побара азил во Шведска, кој стигнал жив и здрав и не покажувал знаци на хипотермија. Тој работел на аеродромот во Адис Абеба, и тоа го...

Авионските делови пронајдени на Младиви не се од малезискиот авион

Деловите пронајдени на брегот на Малдиви не се од исчезнатиот малезиски патнички авион на летот МХ370, изјави денеска малезискиот министер за сообраќај, Лиов Тионг Лаи. Претходно овој месец беше објавено дека големи делови што ги исфрлило морето на брегот ќе бидат испратени на анализа во Малезија. - Проучени се и тие остатоци и резултатите за поглемиот дел од нив се негативни. Не се поврзани...

САД го извеле првиот напад од Турција на ИД во Сирија

САД го извеле првиот напад со авиони „Ф-16“ од воздухопловната база Инџирлик во Турција на позиции на Исламска држава во Сирија. Пентагон соопшти дека мисијата со борбените авиони „Ф-16“ почнала, но без да наведе датали, истакнувајќи дека биле погодени голем број цели во Сирија. По неколку месеци преговарање на Вашингтон и на Анкара, турската влада на крајот на јули се согласи...

Продолжува потрагата по малезискиот авион на островор Рејунион

На францускиот остров Рејунион во Индискиот Океан, денеска продолжи потрагата за малезискиот авион кој исчезна на 8 март 2014 година, а чиј дел од крило е пронајден на островот. За потрагата се задолжени претставници за заштита на животната средина и на морскиот брег на островот. Малезискиот премиер Наџиб Разак на 5 август изјави дека остатоците од авионското крило се од малезискиот...

Франција ќе покрене потрага по други делови од малезискиот авион

Франција соопшти дека ќе покрене нова потрага на островот Рејунион во Индискиот Океан со надеж дека ќе бидат пронајдени уште делови од малезискиот авион, кој со 239 патници и членови на екипажот исчезнаа на летот МХ370 пред 17 месеци. На тој чекор Франција се одлучи затоа што надлежните во Малезија објавија дека пронајдениот дел од крилото на авионот на островот...

Нови остатоци од авион пронајдени на островот Рејунион

Нови делови од авион биле најдени на островот Рејуниот, во Индискиот Океан, каде во средата беше пронајден дел од авионско крило за кое се претпоставува дека е од летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна во март минатата година. Како што јавува „Би-Би-Си“, се претпоставува дека објект кој бил пронајден јужно од градот Сент Дени на островот, е дел од...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...