fbpx

Авион на „Бритиш ервејс“ се запали во Лас Вегас

-

Еден од моторите на авион на „Бритиш ервејс“ денеска се запали на писта во Лас Вегас, додека се подготвувал да полета за Лондон, а поради огнот, патниците морале да се спасат спуштајќи се преку помошните тобогани на итните излези.

Сите 159 патници и 13 членови на екипажот на летот 2276 успеале да излезат од авионот, рече портпаролот на Меѓународниот аеродром „Маккаран“.

Црн чад и пламен се гледале под крилото на авионот, поради што патниците брзо побегнале и потрчале кон пистата пред да пристигнат околу 50 пожарникари и за неколку минути да го изгаснат.

Четиринаесет лица се хоспитализирани поради мали повреди, претежно добиени при спуштањето низ тобоганите.

Американската Сојузна управа за авијација на два часа ги одложи слетувањата на аеродромот во Лас Вегас, бидејќи оштетениот „боинг 777“ на „Бритиш ервејс“ блокирал две од четирите аеродромски писти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...