Авионските делови пронајдени на Младиви не се од малезискиот авион

Деловите пронајдени на брегот на Малдиви не се од исчезнатиот малезиски патнички авион на летот МХ370, изјави денеска малезискиот министер за сообраќај, Лиов Тионг Лаи.

Претходно овој месец беше објавено дека големи делови што ги исфрлило морето на брегот ќе бидат испратени на анализа во Малезија.

– Проучени се и тие остатоци и резултатите за поглемиот дел од нив се негативни. Не се поврзани со авионот од летот МХ370 и тоа, вушност, не е ни авионски материјал – рече министерот Лаи.

Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ на летот од Куала Лумпур кон Пекинг исчезна од радарите на 8 март 2014 година, за помалку од еден час по полетувањето. Во него имаше 227 патници и 12 членови на екипажот.

Стручњаци ги проучија податоците за летот на авионот и проценија дека леталото се срушило во јужниот дел на Индиски Океан. На почетокот од август годинава, пронајден беше дел од авионско крило на францускиот остров Рејунион во Индиски Океан. Тој фрагмент беше испратен во Тулуз, каде го проучуваат француски и малезиски стручњаци.