Стример постигна бесконечен „демиџ“ на Диабло 4

Eldritch Diablo 4 Necromanser air guitar скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Eldritch Diablo 4 Necromanser air guitar скриншот од лична архива на Иван Стојановски

„Диабло 4“ во моментов е игра што нуди голема моќ на играчите во „ендгејм“ содржините односно кога се постигне максимум левел. Во играта постојат волшебници и некромансери што можат да ја преплават целата мапа со магии со огромна деструктивна моќ во борбите против демони. 

Во случајот кој го анализираме станува збор за стример со никнејм Rob2628 што игра варварин, кој во тестирањето за најновото ажурирање на играта нашол баг достапен само на тестерите. Со тоа буквално играта наместо да ги мери ударите во бројки прикажува математички знакчиња за бесконечност.

Овој трик го направи и друг играч претходно што имал наталожено „торнс демиџ“. Играчот го максимизирал овој ефект не само да стане непобедлив туку и сè што ќе го нападне да умре од „аурата со трња“.

Забележано е дека ако некако ви успее да дигнете ниво30 на одреден скил тоа е лимитот пред почне да се случува неограничена деструктивна моќ во играта.

Играта нуди многу забава, но и има специфични ултра-ефикасни билдови (употреба на специфични способности и магии) на сајтот Icyveins. За волшебник добро фукнционира билд на електрицитет и огнени магии, за варварин најдобро функционира билдот со константно вртење со wirlwind и торнада. Друдиот, пак, може да пушта громови по цел екран, а некромансерот користи „минион мастер“ билд кој е многу популарен во сите RPG игри. Може да игра и со bloodmagic што е потешко да се направи но има далеку поголем демиџ и личлајф вампирик ефекти што ве одржуваат жив.   

Сè поинтересен станува развојот на Диабло 4 затоа што фановите даваат добри идеи а девелоперите ги слушаат и ги имплементираат за да ја подобрат играта уште повеќе.