Страдањата на цивилите во војната во Украина, тема на новата епизода на „Шорткат“

Над 2 милиони бегалци и 2.000 заробени странски студенти во опколени градови, загинати цивили, уништени болници и училишта е досегашниот епилог од воената агресија на Русија во Украина, за којшто информираме во најновата епизода на „Шорткат“.

Во емисијата информираме и за дискриминацијата на децата со нетипичен развој во земјава, како и за објавениот конкурс за изработка на најдобро видео на тема климатски промени, на којшто може да учествуваат сите млади од 14 до 29 години. Во „Шорткат“ објавуваме и за бројот на увезени возила „на старо“ минатата година и како тие влијаат на аерозагадувањето кај нас, а во емисијата можете да се информирате и за досегашните впечатоци на гејмерите од играта „Elden Ring“.

Новото, 27-мо издание на „Шорткат“ ќе може да се погледне вечерва во 19:00 часот на нашите канали на ЈутјубФејсбук и Инстаграм.