Сончево и топло време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. На планинските подрачја, локално, поради зголемена облачност, ќе има врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а попладне – северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура од 4 до 23 Целзиусови степени.