fbpx

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно

Од претпријатието порачуваат да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини  и улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови

-

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

„Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода, што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење“, се вели во соопштението на претпријатието.

Од таму велат да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини  и улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...