fbpx

Се урна дел од потпорниот ѕид над Клиниката за детски болести

Директорот на Центарот за управување со кризи изјави дека надлежните институции биле известени дека ѕидот е накосен уште од 2022 година

-

Дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, се урнал, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Во видео-обраќање, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека ЦУК добил неколку пријави дека ѕидот е накосен и во лоша состојба, почнувајќи дури од ноември 2022 година.

Според Ангелов, по првите пријави ЦУК веднаш ги известиле надлежните институции, односно Министерството за здравство (МЗ), Град Скопје, Општина Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР), за кои мерки може да се преземат за да се осигури безбедноста на граѓаните.

„За жал, една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е влошена и рано наутро добивме пријава на 112 дека дел од овој ѕид е срушен. Прашање на ден, а можеби и час, кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот, под којшто, меѓу другото се паркираат и возила, но се движат и лица коишто влегуваат во Клиничкиот центар“, изјави директорот Ангелов.

Ангелов посочи дека дополнителен товар на ѕидот претставува системот од шахти и подземни канали под улицата „Белградска“, чија сопственост ЦУК не можел да ја утврди.

„Истите не ја собираат подземната вода којашто доаѓа од падините на планината Водно, поради што таа избива токму овде во самиот ѕид и дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот, но и на самата улица. Во некое најлошо сценарио, постои можност не само ѕидот да се сруши, туку и дел од улицата“, изјави Ангелов.

Од ЦУК апелираат за итна координација помеѓу надлежните институции и итно надминување на оваа опасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средното стручно образование станува сè попопуларно, најголем е интересот за компјутерски техничари

Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат...