fbpx

СДСМ бира нов лидер на партијата

Во игра за нов партиски лидер на СДСМ се вкупно тројца кандидати – поранешниот министер за здравство и пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик- министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) Александар Бајдевски.

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ги спроведува вонредните внатрепартиски избори, на кои членовите бираат нов претседател на партијата.

Гласањето се спроведува во 77 избирачки места, а на списокот се евидентирани над 23.000 членови.

Во игра за нов партиски лидер на СДСМ се вкупно тројца кандидати – поранешниот министер за здравство и пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик- министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) Александар Бајдевски.

Вчера својата кандидатура за претседателка на Социјалдемократите ја повлече кандидатката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска. Како причина, таа наведе дека сака да ја заштити партијата од „нелегитимен избор на претседател“ и да избегне да биде „соучесник во ова погазување на статутот“.

Петровска преку соопштение до медиумите рече дека на состанок со претставници на Централната изборна комисија укажала на бројни неправилности, но не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.

„… На состанокот одржан во просториите на СДСМ со претставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со која треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите“, беше наведено во вчерашното соопштение испратено до медиумите во име на Славјанка Петровска.

Повикот за избор на нов лидер беше објавен откако СДСМ доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори на 8 мај, кога освои вкупно 18 пратенички места.

На изборната вечер, партискиот лидер во заминување Димитар Ковачевски најави оставка и повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, на централно и на локално ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 31 јули трае акцијата за отплата на заостанатите сметки за вода на рати, без камата

Акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Акцијата за отплата на долговите на рати...