fbpx

Русија реши дека сепак нема повторно да го отвори гасоводот кон Германија

-

Рускиот гасовод кон Германија нема повторно да се отвори во сабота како што беше планирано, соопшти државната енергетска компанија „Газпром“, пишува Би-би-си.

Од фирмата информираат дека откриле истекување на нафта во турбината на  гасоводот Северен тек 1, што како што објаснуваат, значи дека истиот ќе биде затворен на неодредено време.

Гасоводот беше затворен последните три дена поради одржување и поправки.

Во моментов Европа се соочува со големи стравови дека семејствата нема да можат да си ги дозволат цените на греењето во зима. Вестите за прекин на испорачувањето на нафта дополнително го зголемуваат стравот. Цените на енергенсите се зголемија откако Русија ја нападна Украина, а скудното снабдување може уште повеќе да ги зголеми трошоците.

Европа се обидува што повеќе да се одвикне од користењето на рускиот гас со цел да го намали влијанието на Москва и да одмогне во процесот за финансирање на војната, но веројатно е дека таа транзиција нема да се случи наскоро.

Претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел на неговиот профил на Твитер напиша дека најновиот руски потег „за жал не е изненадување“.

„Употребата на гас како оружје нема да ја промени решителноста на ЕУ. Ќе го забрзаме нашиот пат кон енергетска независност. Наша должност е да ги заштитиме нашите граѓани и да ја поддржиме слободата на Украина“, напиша Мишел на Твитер.

Москва негира дека енергетските залихи ги користи како економско оружје во однос на западните санкции што беа воведени по руската инвазија на Украина. Русија ги обвини санкциите за задржување на рутинското одржување на гасоводот Северен тек 1, но ЕУ смета дека тоа е само изговор.

Најавата на компанијата Газпром пристигна кратко по одлуката на Германија, Франција, Италија, САД, Канада, Јапонија и Обединетото Кралство да ја огрнаичат цената на руската нафта во знак на поддршка на Украина.

Воведувањето на ограничување на цената значи дека земјите што ќе ја потпишат полисата ќе увезуваат само руска нафта превезена преку море по или под ограничената цена.

Сепак, Русија одлучи дека нема да превезува нафта на земјите кои ја потпишаа полисата.

Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари 2022 година. Според последните записи на Национална Полиција забележани се 22.000 непријателски напади, а убиени се повеќе од 7.000 украински цивили од страна ан агресорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...