Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за појава на слаб дожд во североисточните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во западните делови од земјава повремено засилен западен ветер.
Минималната температура ќе се спушти -6 Целзиусови степени, а максималата ќе достигне 10 степени.
Во Скопје и во околината се очекува исто време, со услови за појава на слаб дожд и на слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе движи од -4 до 4 Целзиусови степени.