fbpx

Приведени 28 лица во полициска акција за улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана

При претресите се пронајдени марихуана, вага и други предмети, остатоци од кокаин и други предмети, пари, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога

-

Во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, привдени се 28 лица, соопшти МВР.

Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода три лица кај кои бил пронајден кокаин, како и две лица од Кочани и Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Покрај ова, извршени се претреси на седум локации во Скопје, и кај останатите биле пронајдени марихуана, вага и други предмети, остатоци од кокаин и други предмети, пари, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога.

Едно од лицата, велат од МВР, додека се спроведувала акцијата, не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, со што го извршил и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.

Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин.

Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...