fbpx

Притвор за маж кој со сопругата влегол во битолско училиште и нападнал ученик

Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие

-

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...