Компанијата „Врлд вју“, позната по комерцијалните летови со балони, објави снимка направена за време на еден пробен лет. Видеозаписот би требало да ги привлече ентузијастите кои би сакале да искусат изгрејсонце во стратосферата. Ваквото задоволство би ги чинело 75.000 американски долари.
Балонот е изработен од најсовремени материјали и се придвижува со помош на хелиум.
Засега се вршат само пробни летови, но компанијата планира од 2016 година да почне со првите комерцијални летови.