Прекинат прагот на алармирање за ПМ 10 честички во Струмица

Eпизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честичките во Струмица е прекината, а со тоа и мерките и препораките кои стапија на сила во средата

Фото: Официјална Фејсбук страна на Општина Струмица

Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем од вчера, 8 февруари, среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен.

Поради ова, епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честичките во Струмица е прекината, а со тоа и мерките и препораките кои стапија на сила во средата.

Мерките беа донесени откако во два последователни дена среднодневните концентрации беа над вредноста од 150 mg/m3, односно на 5 февруари беа измерени 165,83 mg/m3, а на 6 февруари 155 mg/m3.