fbpx

Повисоки цени на електричната енергија за три од четирите блокови и евтината струја

Кај 88 отсто од домаќинствата чија потрошувачка влегува во рамките на првиот и вториот блок трошокот за потрошената електрична енергија ќе биде поголем за 0,4 проценти

-

Од следниот месец домаќинствата во земјава ќе плаќаат повисоки цени за електрична енергија. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска информираше дека е разгледан предлогот од универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и дека се корегирани цените на електричната енергија за три од четирите блокови и за евтината тарифа.

Според првиот човек на Комисијата Марко Бислимовски, во првиот блок нема да има промена на цената на електричната енергија и таа останува 6,53 денари. Во вториот блок ќе има зголемување од 0,85 отсто, во третиот блок од 1,92 отсто, во четвртиот блок зголемувањето е 1,88 проценти, а цената на евтината струја се зголемува за 0,65 проценти.

„Мислам дека со оваа одлука не предизвикуваме ценовен шок. Кај 88 отсто од домаќинствата чија потрошувачка влегува во рамките на првиот и вториот блок трошокот за потрошената електричлна енергија ќе биде поголем за 0,4 проценти, осум отсто од домаќинствата кои имаат потрошувачка и во третиот блок месечниот трошок за електрична енергија ќе им биде поголем за 0,48 проценти, а за оние четири проценти кои велегуваат во четвртиот блок ќе имаат поголем трошок за 0,57 проценти“, рече Бислимовски на денешната прес конференција.

Тој посочи дека очекува ЕВН Хоум да направи се да нема зголемување на нивните трошоци за набавка на електрична енергија. Информираше дека ваквата одлука со која поскапувањето на струјата за најголемиот дел од домаќинствата ќе биде под 0,5 проценти се донела по насоките дадени на ЕВН Хоум 15 проценти од количините кои не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија во периоди кога цената е блиску до цената на ЕСМ од 60 евра за мегаватчас.

Бислимовски информираше дека, дополнително, измените на законот за енергетика овозможиле да се примени и новата маржа од 9,9 проценти, за разлика од претходната која беше 11,5 проценти, како можноста да не мора да формира нова копмпанија туку ЕВН Хоум да може ја продложи дејноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мелони не изјавила дека ,,Русија ќе биде принудена да се предаде, ако не ги прифати условите на Самитот за мир”

Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја...