Посебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје

Автобусите кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“

-

Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Во сабота, во периодот од 18.00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници:
•     бул. „Партизански одреди“, од раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до раскрсницата со бул. „ВМРО“
•     бул. „Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Димитрие Чуповски“

Автобусите кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобусите кои сообраќаат во спротивна насока.
Исто така, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска војска“, пред црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од крстосницата со бул. „Партизански одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...