fbpx

„Политифакт“: Колку беа точни изјавите на Трамп и на Бајден?

Трамп го нападна Бајден, обвинувајќи го за неговите, наводно „луди и глупави политики“. Тој, пак, се осврна на однесувањето на Трамп, истакнувајќи дека е осуден криминалец и дека има „морал како улична мачка“

-

Претседателот на САД Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, прв пат после четири години дебатираа на Си-Ен-Ен, во студиото во Атланта. На дебатата, која беше жестока и конфронтирачка, немаше публика.

Бајден уште на почетокот зборуваше со лут глас и кажа дека неговата администрација „конечно го победи Медикер“. По дебатата, Бајден им кажа на новинарите дека има болки во грлото.

Трамп повтори бројни лаги, вклучително и дека демократите сакаат лекарите да можат да абортираат бебиња по раѓањето, пренесе „Политифакт“.

Трамп го нападна Бајден, обвинувајќи го за неговите, наводно „луди и глупави политики“. Тој, пак, се осврна на однесувањето на Трамп, истакнувајќи дека е осуден криминалец и дека има „морал како улична мачка“.

Модератори беа водителите на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Баш. Кога на некој од гостите не му бил редот да зборува, микрофоните се исклучуваа.

Бајден и Трамп се конфронтираа за економијата, имиграцијата, абортусот, здравството, надворешната политика, криминалот.

Колку беа точни изјавите на двајцата кандидати? 

Во врска со темата за имиграција, Трамп рече дека Бајден „дозволил милиони луѓе да влезат овде од затвори, затвори и ментални институции“.

Ова, според Политифакт, не е точно.

„Федералните податоци покажуваат дека службениците за имиграција уапсиле околу 103.700 лица кои не се државјани на САД со кривични пресуди од фискалната 2021 до 2024 година. Тоа се однесува на луѓето запрени на и помеѓу влезните пристаништа. Не беа пуштени сите. Терминот „недржавјани“ вклучува луѓе кои можеби имале легален статус на имиграција во САД, но не биле државјани на САД.

Бајден на дебатата кажа: „Го променив (законот) на тој начин што сега сте во ситуација кога има 40% помалку луѓе кои илегално ја минуваат границата“, изјава која според „Политифакт“ е главно вистинита.

„Одделот за домашна безбедност објави дека илегалната имиграција се намалила за 40%, во неделите откако Бајден ја објави политиката што во голема мера го забранува пристапот до азил за луѓето кои влегуваат во САД на јужната граница. Но, експертите за имиграција предупредуваат дека е тешко да се посочи единствена причина за каква било промена на граничните премини. На пример, други фактори, како што е топлото време, може да влијаат на миграцијата“, наведува „Политифакт“.

Трамп кажа: „Ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја“, тврдење кое според „Политифакт“, е претежно лажно.

„Илегалната имиграција помеѓу влезните пристаништа на јужната граница на САД се намали во 2017 година во првата година на Трамп на власт, во споредба со претходните години. Потоа се зголемија заплашувањата и илегалната миграција повторно се намали во 2020 година. Кога започна ковид пандемијата, имиграцијата драстично опадна низ целиот свет бидејќи владите донесоа политики што го ограничуваат движењето на луѓето“, оценува „Политифакт“.

На дебатата Бајден кажа „Реков дека никогаш нема да го зголемам данокот на никого ако заработувате помалку од 400.000 долари“, што според Политифакт е главно вистина, бидејќи како што е наведено, тој постојано изјавувал дека нема да ги зголемува даноците за некој што заработува помалку од 400.000 долари, ветување кое го имаше дадено во кампања во 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Животна приказна за американскиот бизнисмен Фигерс, претставена како да е од С. Македонија

Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна...