fbpx

Полицијата трага по човекот кој пукаше во две лица во трговскиот „Ист Гејт“

Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112, апелира МВР

-

Две лица попладнево беа тешко повредени во пукање среде бел ден во трговскиот центар „Ист Гејт“. Пукањето, како што може да се види од снимките од надзорните камери кои се проширија во јавноста, се случило на ескалатарот кој води кон паркингот на трговскиот центар, додека други посетители поминуваат покрај лицето што пука.

Фото: МВР

Од полицијата апелираа секој што има информација во врска со пукачот, да пријави кај надлежните истражни органи.

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112“, апелираа од МВР.

Неофицијално, медиумите пренесуваат дека се пукало кон Раде Трајковски Штекли и негов пријател. Засега нема информации за уапсени лица.

Трговскиот центар беше експресно евакуиран, а по увидот на полицијата, за кратко време, тој повторно беше отворен за работа.

И пред два месеца непознато лице пукаше од автоматско оружје кон автомобилот во кој се наоѓал Штекли. Тој во таа прилика не беше повреден. Нападот се случи во истиот трговски центар, каде што Раде Трајковски Штекли одел во фитнес центарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...