fbpx

Покрај пожарите кои цела седмица пустошат на планината Серта и кај Ново Село, гори и близу Чашка, Негорци, Зелениково

Пожарот кај Солунска глава се одвива на тешко пристапен терен и затоа таму ќе оди хеликоптер кој ќе фрли 5 тони вода во еден налет, инфомира Ангелов

-

Покрај пожарите кои веќе цела недела не се игаснати кај Ново село и на планината Серта, сериозни пожари има и во близина на населените места Чашка, Долнени, Студенични, Зелениково и под Солунска глава. Ова го изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој додаде дека засега нема опасност за ниту едно населено место. Тој во видео изјава кажа дека одржале брифинг со пилотите на хеликоптерите кои гасат на различни локации.

„Четири хеликоптери полетаа на планината Серта близу Радовиш кај селото Колајево, таму има два големи армиски хеликоптери, еден полициски и еден црногорски хеликоптер. Кај Гевгелија кај Негорци има два хеликоптери од Словенија, а кај Ново Село упативме еден хеликоптер од Турција и од Србија. Откако зема замав пожарот кај Радовиш, српскиот хеликоптер го пренасочивме кон Радовиш“, вели Ангелов.

Тој информира дека пожарот кај Солунска глава се шири на тешко пристпен терен и дека затоа таму ќе оди романски хеликоптер кој ќе фрли 5 тони вода во еден налет.

„Водните бомби се опасни за луѓето на земја, затоа и нема пожарникари долу да гасат од земја. Во гасењето на пожарите низ државата учествуваат 100 припадници на АРМ и 30 припадници на полицијата. Но, теренот е тешко пристапен и тешко може да му се пристапи од земја, затоа и се оди на гасење од воздух“, додава Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...