Почнува циклус концерти на млади музичари „Слободна среда“ во организација на Музичка младина на Македонија

Планирани се шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари, на возраст од 10 до 30 години, од повеќе градови во Македонија. Серијалот концерти ќе заврши на 12 април.

Фото: Музичка младина на Македонија

Во Музеј на македонската револуционерна борба во Скопје, во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) утре ќе почне четвртото издание на циклусот концерти на млади музичари „Слободна среда“.

Планирани се шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари, на возраст од 10 до 30 години, од повеќе градови во Македонија. Серијалот концерти ќе заврши на 12 април.

„Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Нѐ радува тоа што секоја следна година заинтересираноста кај младите е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и кај публиката“, истакнува Александар Герасимовски од МММ.

Концертите ќе се одржат на 1, 15, 22 и на 29 март, како и на 5 и 12 април, сите со почеток од 19 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот за нив е бесплатен.

„Слободна среда“ е содржина од 60-годишниот јубилеј на Музичка младина на Македонија, поддржан од Министерство за култура.