На 53 годишна возраст почина индискиот глумец Ирфан Кан. Тој бил примен во болница во Мумбаи поради инфекција на дебелото црево, каде и што починал. Во 2018 му беше дијагностициран ендокрин тумор, а во 2019 година се лекуваше во Лондон.

„Ирфан беше силна душа, некој што се бореше до самиот крај и секогаш ги инспирираше сите што беа блиски со него“ – се вели во соопштението на неговите претставници.

Познат е по улогите во филмовите: Life of Pi, Jurassic World, The Warrior, Slumdog Millionaire, The Darjeeling Limited, The amazing Spider-Man, а глумеше и во многу филмови во Боливуд.