fbpx

Почина Де Оливеира –добитник на Светска награда за хуманизам во Охрид

-

На 106-годишна возраст, во Порто, почина доајенот на европската и на светската кинематографија, Маноел де Оливеира, кој беше прогласен за прв почесен доктор на Универизитетот ЕСРА во јануари 2008 година. Истата година ја доби и престижната Светска награда за хуманизам, која ги продолжува традициите на Св. Климент Охридски, како основач на Првата школа на хуманизмот во Европа.

Ректорот Јордан Плевнеш, во име на наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, испрати сочувство до семејството на големиот португалски филмски деец Маноел де Оливеира.

Маноел де Оливеира беше вториот по ред добитник на Светската награда за хуманизам, веднаш по филозофот и хуманист, Јапонецот Даисаку Икеда. Наградата на Оливеира му беше врачена пред фрлањето на светиот крст, на традиционалното одбележување на Водици во Охрид во 2008 година.

Неговиот прв игран филм се појави во далечната 1931 година, по што до денешен ден Оливеира оствари еден импресивен опус од 58 играни и голем број документарни филмови. Добитник е на најголеми признанија од областа на филмот, помеѓу кои можат да се издвојат „Златен лав“ за животно дело на Фестивалот во Венеција, како и наградата за животно дело на Канскиот фестивал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...