Почина актерот Пол Ритер, познат по култната реченица „Not great, not terrible“ во серијата Чернобил

Фото: Принтскрин од Youtube

Почина британскиот актер Пол Ритер на 54-годишна возраст од тумор на мозокот, соопшти неговиот агент.

„Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува“, изјавил неговиот агент.

Во последните неколку години јавноста го запомни по улогата која ја играше во серијата „Чернобил“ каде го играше нуклеарниот инженер Анатолиј Дјатлов. Неговата култна реченица „Not great, not terrible“ подоцна стана вирална, а актуелна беше и со мемиња кои ги освоија социјалните мрежи.

Ритер е познат по своите улоги во филмовите „Harry Potter and the Half-Blood Prince“ и „The Bill“ од серијалите на Џејмс Бонд, како и по улогата во ситкомот „Friday Night Dinner“ и серијалот „Chernobyl“.