fbpx

По повод Меѓународниот ден на Ромите, се организира „Марш на гордоста и достоинството“

-

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, Здружението „Романо авази“ организира „Марш на гордоста и достоинството“.

„Со овој марш ќе биде испратена порака дека ние не сакаме да бидеме Роми само еден ден во годината. Власта требада вложи поголеми напори за состојбата на Ромите да се подобри и да стигне на ниво еднакво на другите заедници што живеат во Македонија“, пишува  во соопштението на здружението.

Протестниот марш ќе почне денеска, во 11.45, од Топанско поле, преку улицата Самоилова, до Владата.

По маршот ќе се поднесат барања до Владата за решавање на проблемите на ромската заедница.

Барањата што ќе бидат доставени до Владата се: измени на Правилникот за користење на социјална парична помош; почитување на Рамковниот договор и правична застапеност на Ромите при вработувањата; почитување на основните човекови права и прекинување на дискриминаторските постапки на граничните премини и јавно извинување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за навредата на ромската заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...