Пендаровски: Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција денес немаше да имаме своја држава

-

„Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држав“, рече претседателот Стево Пендаровски на Могилата на непобедените во Прилеп, на одбележувањето на 80-годинината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

„На 11 октомври 1941, борците на партизанскиот одред ‘Гоце Делчев’ го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. За надидеолошкиот карактер на борбата, зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталирале комунистички режим, туку создале нови органи на народната власт, како никулци на идната слободна македонска држава“, рече претседателот.

„Востанието започна во најмрачниот час од нашата историја. Децениите на национална обесправеност, национална асимилација и попаганди кулминираа со фаштистичката окупација. Фашизмот му даде на посилниот брутално да владее врз послабиот“, рече претседателот Пендаровски.

„Борците на партизанскиот одред „Гоце Делчев“, чиј напад врз полицискиот учесток се води како почеток на востанието се континуитет на Илинденците и на борбата за слободна македонска држава. Континуитет, затоа што тие продолжија да чекорат по патеката на Илинденците. Меѓу партизанските одреди ниту еден не беше именува по Маркс, Енгелс или Сталин. Тие ги носеа имињата на македонскиуте револуцинери Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански и Влахов, Питу Гули и Добри Даскалов“, нагласи Пендаровски и додаде дека над 1.100 споменици на антифашистичката борба низ цела земја, се најсилен доказ против секој вид историски ревизионизам.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...