Отворен повик за авторски аудио поткасти на КСП Центар-Јадро

Темите за поткастот се: екологија и заштита на животна средина, ментално здравје,  јавни простори и архитектура, критика или анализа на современи дела од областа на културата (театар, книжевност, музика, филм итн)

Гото: KСП Центар Јадро

KСП Центар Јадро во рамки на проектот „Arts Hub”, објави јавен повик за поддршка на автори и авторки во создавање авторски аудио поткаст. На повикот ќе се одберат пет апликации кои меѓудругото ќе добијат и поединечен хонорар од 8000 денари бруто износ.

Темите за поткастот се: екологија и заштита на животна средина, ментално здравје, јавни простори и архитектура, критика или анализа на современи дела од областа на културата (театар, книжевност, музика, филм итн).

Заинтересираните можат да конкурираат до недела, 19 март.

KСП Центар Јадро известува дека ќе обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, менторство и помош во осмислувањето на разговорот, промовирање на епизодите на социјални мрежи и краток курс од пет часови за снимање и постпродукција на поткаст кој ќе го одржи Младен Павлески од BPM Streaming.

Избраните апликанти ќе имаат обврска да ја спремат содржината на поткастот и да обезбедат контакт со евентуални гости и водење на поткастот.