Утринава повторно се опожарени два контејнери на улица Никола Карев, во близина на Железничката станица, информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

„Во текот на првите девет месеци од 2019 година, од страна на непознати сторители се опожарени над сто садови наменети за одлгање на комуналниот отпад во Град Скопје. Само во првата недела од ноември изгореле десет контејнери и сите се целосно уништени и неупотребливи.Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“, Скопје му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот“, се вели во соопштението.