Фото: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство според податоците од последните 24 часа.

Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека има вкупно 527 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 63, во Штип 54 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 20, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63. Во ковид центарот во Охрид се лекуваат 60 пациенти, во Прилеп 49, во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица има 54 пациенти, во Кочани 22, во Кичево 15, во Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти, а вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми, во ГОБ „8 Септември“ девет, 7 билe примени на Инфективната клиника, во Козле немало нови приеми, како и на Институтот за физикална медицина, а на Клиниката за Детски болести биле приеми двајца пациенти.

Дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 121 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти, на Клиниката за детски болести 2 деца и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација лежат 11 болни.

Во изминативе денови се намалува бројот на приеми и утрово до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува по направените исписи на оздравените, да се ослободат и дополнителни места.