fbpx

Се очекува „Оне-Вип“ да го раздвижи пазарот бидејќи има стагнација

-

Со спојувањето на корисничките бази на двете компании, „Оне-Вип“ прерасна во еден од најголемите телекомуникациски оператори во Македонија, кој ќе опслужува 1,3 милиони корисници, со услуги во мобилната и во фиксната телефонија, интернет-комуникации и телевизијата.

Оваа компанија е со 53 проценти пазраен удел, по број на СИМ-картички. Но, сè уште во делот на приходите и на профитот каска зад „Македонски телеком“.

– Следува период на целосна интеграција што ќе генерира нов дополнителен квалитет за корисниците и понатамошен развој на пазарoт. Ќе настапиме со агресивни понуди од аспект на квалитет, функционалност и на цени – изјави извршниот директор на „Оне-Вип“, Никола Љушев.

До крајот на 2016 година, се очекува целосна интеграција на сите оперативни и технички системи. Дотогаш „Оне-Вип“ ќе продолжи да функционира преку две засебни постојани мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места на „Вип“ и на „Оне“.

Ова значи дека корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојани договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите под истите услови, квалитет и цени како и досега.

„Оне-Вип“ќе ги задржи сите 900 вработени од двете досегашни компаниии, кои имаат стандардни договори за вработување. Промени има кај луѓето на менаџерските позиции, односно менаџерски договори, иако Љушев не даде коментар за бројот на менаџерите на кои не им е продолжен договорот.

Во следната година додека трае интеграцијата на техничко и на оперативно ниво, нема да има редуцирање на работните места. Понатамошните чекори во оваа насока ќе зависат од резултатите што компанијата ќе ги остварува.

– Ако работите не се одвиваат во посакуваниот правец, во тој случај ќе мора да има реорганизација. Во текот на интеграцијата, секој човек е добредојден. Со ширењето на бизнисот, ќе ги дополниме кадрите, што како индивудуални компании не сме имале можност да го направиме – објасни Љушев.

Според него, ова спојување ќе ја стимулира конкуренцијата, ќе се поттикне креативноста, ќе се дадат нови услуги и квалитет, бидејќи има стагнација во користењето на телекомуникациските услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...