fbpx

OJO отвори предмет по допрен глас за работење на приватна болница

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје.

„Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување. Имено, постојат постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот.Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена...