Од 1.368 тестирања, регистрирани 178 нови случаи на ковид-19

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 1.368 тестирања и регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека во болнички услови починати се четири лица: двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти каде вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 42 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, а бројката на оздравени пациенти е 13.863. Починати се 693 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.