Новости во Диабло 4: Се воведуваат „платеници“ или ВИ придружници

Diablo 4 Rogue in full PvP armor скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Во Диабло 4 ќе се воведуваат „платеници“ односно придружници кои всушност преставуваат недовршена Вештачка интелигенција. Ваквите платеници прв пат се појавија во Диабло 2 каде можеше да се најми ranger девојка, маж со копје и варварин да се борат покрај вас.

За добиете некој од новите придружници веројатно ќе треба да завршите серија квестови. Се очекува и да се воведат нови платеници или скинови за постоечките кои би се добивале со плаќање на микротрансакции по моделот на Guild Wars 1

Иако новата сезона во Диабло 4 е во тек, гејмерите не се возбудени од можните скинови што можат да се добијат дури и со Premium Pass варијантата. Најдобрите скинови се понудени „кеш шопот“ преку микротрансакции кои во Диабло 4 и не се така „микро“. Најновите козметички скинови во „кеш шопот“ се Диабло 4 скинови од World of Warcraft. Ги има Вариан Рин (Ло Гош), Силванис Виндранер, скин за Сатир, сет за воид елф мејџ од најновата експанзија на WoW и скинот за Келтас Санстрајдер чиј изглед е инспирација за скинот на Евокер во Дота 2.

Сепак изгледа дека Диабло 4 станува повторно забавна за играње. Гејмерите знаат дека играта создава голема имерсија со долги сесии на нон-стоп играње. Затоа е важна умереноста во сè, па и во компјутерските игри како Диабло 4.