fbpx

Нови земјотреси во Еквадор

-

Силен земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди Еквадор, додека земјата закрепнува од разорниот потрес во кој, според последните податоци, настрадаа 587 лица, соопшти американскиот геолошки завод.

Епицентарот бил на 100 километри северозпадно од местото Портовијехо и на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета штета и нема предупредување за цунами.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, на „Твитер“ напиша дека потресите се регистрирани доцна синоќа.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени Рихтеровата скала го погоди тихоокеанскиот брег на Еквадор на 16 април, а потресот се почувствувал во целата земја. Најлошо е погоден градот Педерналес, на брегот на Тихиот Океан, кој е познато туристичко место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...